Американската телевизија ABC неодамна објавила документарец за смртта на Џон Кенеди помладиот, во кој телевизијата се обидува да ја затскрие целокупната вина на синот на поранешиот претседател за падот на авионот во кој загинале тој неговата сопруга Каролин и нејзината сестра Лорен.
Во документарецот се тврдело дека дежурните служби тој ден поднеле извештај за одличните услови за летање, што е лага, а ѝ самиот Кенеди го знаел тоа однапред. Во документарецот не е споменато и дека сите експерти го обвиниле Кенеди помладиот за неговото невнимание и неискуство за падот на леталото.
Џон ретко кога летал во текот на ноќта, а генерално имал малку часови на летање ѝ со инструктор покрај себе. Во тој кобен ден Џон ја игнорирал и маглата. Во целосен мрак, без видлив хоризонт, Кенеди не можел да го разликува морето од небото. Се збунил. Се чини дека буквално летал до океанот.
THE TRUTH BEHIND JFK Jr.’s doomed flight This year marks the 20th anniversary of John F. Kennedy Jr.’s fatal flight / read more Click here https://t.co/VzhqT3lK4Q pic.twitter.com/IYFyWDN3IF
— Newslink7.com (@newslink7com) January 6, 2019
Во прашање е малиген проблем, односно континуирана идолатрија и некритично обожавање на се што има врска со семејството Кенеди и нивните врски со криминалот и подземјето, работи за кои речиси никогаш не се зборува пишува „Њујорк пост“ по објавениот документарец на ABC.
„Изгубивме син, изгубивме наследник, изгубивме принц. Џон Кенеди помладиот теретот на слава го носел со леснотија ѝ низ Њујорк се шетал како еден од обичните луѓе, свесен дека неговиот изглед и педигре му даваат место во историјата кое не го заслужил самостојно. Беше единствена појава во американскиот јавен живот. Но, истовремено сакал да биде и ѕвезда“, е наведено во документарецот на ABC.
Во документарецот се вели дека неговиот инструктор бил спречен тие денови да лета со нив, што исто така не е вистина, затоа што младиот Кенеди не го сакал инструкторот да биде со нив за време на летот.
За несреќата ABC раскажува ѝ како неизбежен дел од проклетството на Кенеди, притоа изоставајќи го делот од јавноста која смета дека до несреќата дошло пред се благодарение на размазеноста на Кенеди помладиот, неговото невнимание и ароганција, пишува „Њујорк Пост“.
Во специјалниот документарец кој бил направен од ABC телевизијата на големо се романтизира неговата судбина, повторувајќи дека неговата мајка Џеки исто така постојано го молела никогаш да не лета, затоа што имала претчуство дека нејзиниот син ќе умре.
Но, телевизијата не сакала да открие дека можеби не станувало збор за натприродно претчуство, туку само за рационален страв. Знаела дека нејзиниот син лесно се декоцентрира ѝ дека е авантурист, но и склон на опасност.
Вистината е дека Џон заедно со неговата сопруга Каролин и нејзината сестра Лорен, таа вечер пред несреќата се задржале поради вообичаениот метеж во њујоршкиот сообраќај.
Кенеди тоа лето го скршил глуждот на ногата за време на параглајдерство. Пред самиот лет, Џон го извадил гипсот на ногата која не му била доволно излечена. Возел тип на летало кое било пресофистицирано за почетници.
Постојано бил под стрес поради работата, а можеби ѝ поради наводната криза во бракот. Имал се на се, вкупно само помалку од еден час во воздух без инструктор. Наместо да се држи до осветлениот брег, додека летал, Џон постојано се оддалечувал кон темниот океан.
Телата биле во така лоша состојба, што за тоа никогаш јавно не се зборувало. Помладиот Кенеди сакал внимание. Треба да се потсети дека семејството Кенеди никогаш не било во најдобри односи со родителите на Керолин, сопругата на Џон.
Во дневникот кој го водел Роберт Ф. Кенеди, било забележано за лошиот однос кон Ен Фриман, мајката на Каролин и нејзината сестра Лорен. На Ен ѝ било кажано дека Џон ќе биде погребан во семејната гробница, а со телото на Каролин можат да прават што сакаат.
Catching up on The Last Days of John F. Kennedy Jr. on ABC. What a fun and fascinating doc! I love the Kennedy family. 😍 #JFKJr pic.twitter.com/HF0Ajh6KMX
— KINSEY SCHOFIELD (@kinseyschofield) January 5, 2019
По смртта, телата на семејството Кенеди биле кремирани, со цел да се отежне тужбата поднесена од страна на Ен. Сепак и покрај тоа Ен во 2001 година добила 15 милиони долари. Нејзиното семејство никогаш повеќе не говореле за тоа.
John F. Kennedy Jr.’s Girlfriends: Who Did He Date?https://t.co/jDFM9cBxtR
Getty
John F. Kennedy Jr. had many girlf… pic.twitter.com/z6DbKENWjT
— USA UK News (@trendsNewsday) January 5, 2019