Дневен хороскоп за петок, 5 јули

ОВЕН

Работа: Имате налет на инспирација која може да ви донесе нови дела и креации кои подоцна добро ќе ги наплатите.

Љубов: Уживате во заедничките моменти со саканата личност. Вљубени сте и среќни.

Здравје: Можен пад на енергијата.

БИК

Работа: Можно е да сте под голем притисок за сите работи кои ги имате да ги одработите во рокот.

Љубов: Нова прилика за флерт е пред вас. Искористете ја шансата која ви се пружа за љубов.

Здравје: Добро здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Денеска може да имате прилика да дојдете до дополнителна заработувачка или некоја паралелна работа од страна.

Љубов: Можно е да постојат некои работи кои останале неразјаснети меѓу вас и партнерот.

Здравје: Менувајте ги лошите навики.

РАК

Работа: Потребно е да поработите на својот пристап кон работната организација ако сакате да напредувате.

Љубов: Ви се допаѓа личност која не е сосема слободна или постојат некои други кочници.

Здравје: Потребно ви е опуштање.

ЛАВ

Работа: Бројните обврски се пред вас, и ќе треба многу време и трпение да ги завршите до крај.

Љубов: Очекувате контакт со личноста која ви се допаѓа и која ви значи.

Здравје: Минлива главоболка.

ДЕВИЦА

Работа: Денешниот ден е поволен за промени на работното поле. Може да очекувате интересни случувања.

Љубов: Како да не можете да заборавите една личност од минатото. Секогаш ви се враќа во мислите.

Здравје: Болки во грбот.

ВАГА

Работа: Од вас се очекува да покажете дека сте подготвени максимално да се посветите на својата работа.

Љубов: Потребно е на саканата личност да и пружите повеќе нежност, за вашата врска да може да трае на долги патеки.

Здравје: Проблеми со циркулацијата.

СКОРПИЈА

Работа: Немојте да бидете претерано арогантни во својот пристап кон колегите, затоа што подоцна тоа ќе ви се „одбие од глава“.

Љубов: Време е да направите конткретен чекор кон личноста која ви се допаѓа.

Здравје: Уморни сте и ви треба сон.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Поволен ден за важни судски решенија или било какви формални и правни прашања.

Љубов: Емотивната ситуација не ви е добра. Можно е да се оддалечувате и односите со партнерот да се заладени.

Здравје: Проблеми со коските.

ЈАРЕЦ

Работа: На работното поле не ве очекуваат големи промени.

Љубов: Тешко ги покажувате своите чувства и потребно ви е многу време за да се отворите покрај саканата личност.

Здравје: Проблеми со ушите.

ВОДОЛИЈА

Работа: Доколку потпишете некој договор за работа, може да очекувате дека ќе биде добар за вас.

Љубов: Партнерот очекува да му посветите повеќе време и внимание за вашата врска да биде квалитетна.

Здравје: Чувајте се од воспаленија и настинка.

РИБИ

Работа: Тешката атмосфера на работното место не ви годи. Можно е сериозно да размислувате за промена на работата.

Љубов: Дошло време некои илузии да ги прекинете и да се соочите со реалните маани кои ги има вашиот партнер.

Здравје: Пад на имунитетот.

Scroll to Top