Доктор „Пропаст“ не предупредува на поголема криза од коронавирусот

Познатиот светски економист Нуриел Рубини, познат и под надимакот доктор „Пропаст“, предупреди на многу поголема опасност, која не очкеува, за разлика од вториот бран на коронавирусот, пишуваат светските медиуми.

Рубини, кој е познат по своите предвидувања кои се катастрофални по човекот, сега вели дека не очекува продолжен пад и бавно закрепнување на економијата од коронавирусот.

Рубини вели дека постојат некои работи кои едноставно нема да можеме да ги вратиме по оваа криза. Дури и ако глобалната економија годинава се опорави од влијанието на коронавирусот, тоа ќе биде анемично.

Рубини предупреди на незапаметена рецесија. Професорот ја предвиде и финансиската криза во 2008 година, пред многумина други.

„За време на светската финансиска криза, требаа околу три годинии, додека производството нагло не падна“, изјави тој за „Би-Би-Си“, програмата Talking Asia, од својот дом во Њујорк.

„Овој пат нема да се потребни три години. Нема да се потребни ниту три месеци. Во рок од три недели дојде до пад на секоја компонента“, вели тој.

Професорот Рубини, исто така кажа дека било какво опоравување, ќе биде во облик на она што економистите го нарекуваат „U“, или пак „нешто во налик на „L“, она што се нарекува „Голема Депресија“.

Опоравувањето во обликот на буквата „U“, значи дека прво ќе следи пад, а потоа опоравувањето на подолг период, со побавен или никаков раст.

Опоравувањето во обликот на буквата „L“, е уште подрастично. Тоа значи моментален пад и пад на подолг период. Падот ќе зависи од тоа, колку работи се изгубени и во богатите и сиромашните земји, како резултат на масовниот застој во борбата против вирусот.

„Овие работи, кои повеќе недостасуваат ќе се вратат само делумно, со ниски плати, без примања, со скратено работно време“, изјавил тој.

„Ќе има многу несигурност во работата и заработката и заработката за просечен работник“, вели тој.

Неговото предупредување доаѓа со оглед на тоа дека бројот на случаи на коронавирус во светот, надмина бројка од пет милиони луѓе, при што во голем број земји, се гледа и вториот бран на инфекција, и борба за повторно отворање на нивните економии, кои се клучен фактор дали економскиот раст може брзо да се повлече.

„Можете да ги отворите продавниците, но прашање е дали економијата ќе се врати“, вели тој.

„Повеќето трговски центри во Кина и понатаму останаа празни. Половина од летовите се укинати. Германските продавници се отворени, но кој сака да оди во нив да купува?“, прашува Рубини.

Азија сепак ќе има подобар раст од другите напредни економии, смета Рубини. Но, ќе дојде до голем конфликт меѓу САД и Кина, а голем број азиски земји ќе бидат принудени да бираат меѓу двете суперсили.

„Секоја од нив ќе му каже на остатокот на светот, или сте со нас, или против нас. Или ќе ги користите моите AI системи, мојот 5G, мојата технологија, мојата роботика, или користете ги на мојот непријател. Затоа светот ќе се подели“, вели тој.

Професорот Рубини, со прекар доктор „Пропаст“, заработил богатство откако станал познат по неговите негативни перспективи на глобалната економија. Дури и додека САД влегле во ѕвездена деценија на поврат на акциите.

На прашањето дали толку долго завземање на негативните позиции, значи дека во еден момент речиси сигурно ќе биде во право, тој одговорил дека повеќе му се допаѓа името доктор „Реалист“, отколку доктор „Пропаст“.

„Кога сите изјавила дека Кина ќе има тежок пад во 2015 година, јас кажав дека тоа ќе се движи постепено. Тогаш бев пооптимистичен отколку за „Волстрит“. Луѓето кои велат дека сум расипан часовник, двапати во денот не ме следеле“, вели Рубини.

 

 

Scroll to Top