Доктор пропаст предупредува на нова финансиска криза како во 2008

Американскиот економист Нуриел Рубини, кого го нарекуваат доктор пропаст, е првиот кој ја најави светската финансиска криза во 2008 година, а сега тврди дека идната година ќе стигне нова глобална рецесија.

Рубини кој работи како професор на школото „Стерн“ на Универзитетот во Њујорк во неговиот авторскиот текст за Project Syndicate, наведува дека од 10 потенцијални ризици кои би можеле да предизвикаат рецесија, прво во Америка а потоа и во светот, девет потекнуваат од САД. Рубини на истите предупредил минатата година.

Рубини на списокот на ризици ги навел американско кинеската трговска војна, ограничената миграција, странските директни вложувања и трансфер на технологии. Сето ова би можело да има сериозни импликации за глобалните снабдувачки синџири и да ја зголеми опасноста од стагфлација (забавување на растот со зголемена инфлација).

Рубини напоменува дека ризикот на забавување на американскиот економски раст сега станал актуелен затоа што се истрошил стимулансот кој американската економија го давала преку даночната реформа која во 2017 година, ја спровел американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот пазарен капитал според Рубини и понатаму делува надувано, а во меѓувреме настанале дополнителни ризици поврзани со новите облици на долгови, вклучувајќи и долгови на голем број на пазари во развој, каде голем дел од задолжувањата се направени со странски валути.

Рубини ги зема во предвид ограничените одбрамбени алатки на централните банки кои се јавуваат како заемодавачи. Потоа неликвидните финансиски пазари кои знаат да бидат ранливи и можноста за голем број на разни пореметувања.

„Едно од таквите пореметувања може да го предизвика и американскиот претседател Доналд Трамп, кој би можел да се најде во искушение да создаде надворешно политичка криза со земјите како Иран. Тоа би можело на домашен терен да ја засили неговата поддршка меѓу избирачите, но би можело и да иницира нов нафтен шок“, смета Рубини.

Рубини ја зема во предвид и кршливата економија и економски раст на премногу задолжената Кина и голем број на други економии на земји кои се во развој. Тоа се европски земји кои имаат високи економски, политички и финансиски ризици.

Американските економисти наведуваат дека во развиениот дел во светот, изборот на алатки со кои би можело да се одговори на кризата и понатаму е ограничен.

Монетарните, фискалните интервенции и заштитените мрежи за приватниот сектор, како орудија кои се користени по финансиската криза во 2008 година, денес не можат да се употребат, а да ги имаат истите ефекти.

Последниот десетти фактор, на кој Рубини предупредил минатата година, е каматната политика на Американските Федерални Резерви (ФЕД).

„По зголемените камати, како одговор на прицикличните фискални стимуланси на администрацијата на Трамп, „ФЕД“ во јануари завземал поинаков став.

Гледајќи напред, поголема е веројатноста дека „ФЕД“ и другите главни централни банки во светот ги намалуваат каматните стапки, за на тој начин управуваат со разни потреси во глобалната економија“, проценува Рубини.

 „Трговските војни и потенцијалните скокови на цената на нафтата претставуваат ризици на странски понуди, но тие и тоа како претставуваат закана за агрегатниот пазар, а со тоа и растот на потрошувачка, затоа што царините и повеќето цени на горивата го намалуваат расположливиот доход.
Со такви неизвесности, компаниите веројатно ќе се определат за намалување на капиталната потрошувачка и инвестиција“, додава Рубини.

Во такви услови, како што наведува Рубини, доволен е сериозен потрес кој би можел да доведе до глобална рецесија, дури и ако централните банки брзо реагираат.

Доктор Пропаст потсетува дека и во периодот од 2007 година до 2009 година, „ФЕД“ и другите централни банки реагирале агресивно на потресите кои биле прекидач за глобалната финансиска криза, но не успеале да ја спречат големата рецесија.

Посебно внимание во текстовите на Рубини е посветено на американско-кинеската технолошка војна, како ризик кој непосредно можел да иницира рецесија во 2020 година. Конфликтот би можел да ескалира на неколку начини.

„Администрацијата на Трамп би можела да ги зголеми царините и на преостанатиот дел од кинескиот извоз, а со забраната на користењето на американските компоненти, би можело да бидат опфатени и други кинески компании како кинеската компанија „Хуавеи“, што би можело да доведе до општ процес на деглобализација.

Ако тоа се случи, Кина би имала неколку опции да им се одмазди на САД, а меѓу нив е затворањето на пазарот за американските мултинационални компании како „Епл“, вели Рубини.

Според таквото сценарио, земјотресите на пазарите ширум светот би биле доволни за да се случи глобална криза, без разлика на тоа што ќе направат главните централни банки.

Со моменталните тензии кои веќе влијаат на деловната, потрошувачката и на довербата на инвеститорите и кои го забавуваат глобалниот раст, понатамошната ескалација би го внела светот во рецесија, која, со оглед на обемот на приватниот и јавен долг, веројатно ќе следи уште една финансиска криза, заклучува Рубини.

 

 

 

Scroll to Top