Претседателот на САД, Доналд Трамп, со своето досегашно автократско владеење ќе ја доживее истата судбина на Слободан Милошевиќ, пишува српски „Телеграф“, повикувајќи се на американскиот магазин „Атлантик“.
Сегашните немири кои се случуваат во САД, магазинот ги споредува со немирите кои се случија пред повеќе од една, две децении во Србија, Украина и Тунис, кога на власт беа Слободан Милошевиќ, Виктор Јануковиќ и Бен Али.
Атлантик наведува дека САД доживува хаос каков што не е виден од 1968 година, кога нацијата беше поделена.
„Иако мандатот на Трамп ќе заврши со изборите, магнитудата на сето ова што се случува сега, но и сето тоа што ќе се случува допрва, може да се свати единствено ако ги погледнеме сличните случаи во странство“, пишува „Атлантик“.
Како и во бројни револуции и во САД се водат две битки. Едната е долга борба против бруталната и репресивна идеологија, а втората е борба против еден лидер, оценува американскиот магазин, додавајќи дека тоа е борба против претседателот, кој дојде на власт распламнувајќи се со расни тензии, пренесува „Танјунг“.
„Атлантик“ пишува дека тоа се случило и во Украина во 2014 година, кога од власт беше симнат Јануковиќ во таканаречената шарена револуција.
Тој одлучи да се одрече од пристапувањето на земјите во Европската унија, а маса на луѓе се собраа на Мајден во Киев, наведува магазинот.
„Наместо да ги пушти демонстрантите да викаат низ зимата, Јануковиќ одлучи наслно да им се спротивстави и да се пресмета со нив. Таквата тактика му се удри од глава. Движењето со ограничени средства стана силна револуција“, пишува „Атлантик“.
Извор/Телеграф.рс