Претседателот на САД, Доналд Трамп е подготвен да го помилува основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, само ако Австралијанецот го открие изворот кој ги има хакирано мејловите на Демократскиот национален комитет пред американските претседателски избори во 2016 година.
Ова вчера било соопштено пред судот во Лондон. Адвокатката на Асанж, Џенифер Робинсон, изјавила дека знае за состанокот на кој, поранешниот член на Конгресот, Дејн Рорбахер и Чарлс Џонсон, соработник кој бил поврзан со кампањата на Трамп, ја изнеле понудата.
Предлогот кој го изнел конгресменот Рорбахер, бил Асанж да го идентификува изворот на публикациите, поврзани за изборите од 2016 година, во замена за некаков облик на помилување, вели Робинсон, преку изјавата на еден од сведоците дадена пред судот.
Асанж се бори против испорачувањето во САД, каде е обвинет за заговор поврзан со хакирање на владини компјутери и кршење на законот за шпионажа, поради објавување на доверливи документи за периодот од 2010 и 2011 година.