Државниот службеник на Хаити кој требаше да сведочи против фондацијата Клинтон – Не успеа, „се самоуби“

Клаус Ебервеин, поранешен владин службеник на Хаити, за кого се очекуваше дека во престојниот период треба да ги разоткрие коруптивните скандали и злоупотреби на Фондацијата Клинтонови, е пронајден мртов во Мајами.

Имал 50 години и требал да се појави пред Комисијата за етика и антикорупција на Хаити, каде на големо се очекувало да сведочи против Фондацијата Клинтон, која ја оттуѓила донацијата за Хаити, од меѓународните донатори.

Според официјалното соопштение, причината за смртта била „смртоносната прострелна рана во главата“. Неговата смрт била регистрирана како „самоубиство“.

Тој, признал дека животот му е во опасност, и бил жесток критичар на активностите на фондацијата Клинтон на карипскиот остров, каде служел како генерален директор на владината економска агенција за развој, „Fonds d’Assistance économique et sociale“, во период од три години.

Според него, безбачајните 0,6% од донациите, одобрени од страна на меѓународните донатори, чија цел биле всушност помош за жителите на остротовот, на крајот завршиле во рацете на организацијата на Кинтон на Хаити. Дополнителни 9.6% завршиле во рацете на владата на Хаити. Преостанатите 89.8% – или 5.4 милијарди долари – биле насочени кон странските организации на Хаити.

„Фондацијата Клинтон, тие се криминалци, тие се лопови, тие се лажливци, тие се срамота“, изјави Ебервеин на протестот пред седиштето на Фондацијата Клинтон, во Менхтен минатата година.

Според весникот „Haiti Libre“, тој изјавил дека ќе биде „во добро расположение“, со плановите за иднина. Неговите блиски пријатели и деловни партнери биле шокирани со идејата дека можеби сторил самоубиство.

„Тоа е навистина шоканатно“, изјави сопственикот на ресторанот „Muncheez“, Гилберт Бејли.

„Пораснавме заедно, ми беше како семејство“.

Тој дополни дека последен пат разговарал со него пред две недели, и бил во добро расположение. Беше возбуден околу идните деловни планови и работеше на отворањето на ресторанот „Munchezz“ во Сунриси, изјави тој.

Тамошната влада, издаде службено соопштение во кое му се заблагодарува за неговата служба и жали поради неговата прерана смрт.

„Општата управа на владината економска агенција за развој „FAES“, сака јавно да го објави своето сочувство кон ожалостеното семејство, пријателите и соработниците.

FAES – знамето веќе се вее на половина копје од средата на 12 јули, па се до утре 18 јуни 2017 година. Нека неговата душа почива во мир“, изјави генералниот директор Чарлс Ернест Чателиеров.

 

Scroll to Top