Европскиот парламент жестоко го осуди порастот на насилство и убиства на Филипините, што го поттикна живописниот претседател Родриго Дутерте на жестока реакција.
Се разбира, на лицемерната Европа ѝ одговори во свој стил, со пцости и вулгарни гестови.
„Еб*** се! Повторувам, еб*** се“, врескаше Дутерте и ѝ го покажа на Европската Унија средниот прст.
Претставникот на Дутерте бизарната конференција ја одработи во градот Давао, а особено го изнервираа Франција и Велика Британија.
„Невидени лицемери. Нешто ни говорат, а нивните предци од колонијалната ера убија илјадници Арапи и припадници на други народи“.
Дутерте потоа почна да ја брани новата пракса на Филипините – убивање на криминалците без судење.
„А кого убив јас? Ако е точна информацијата, 1.700 луѓе, но кои се тие? Обични криминалци. А тие ликови од Брисел тоа го нарекуваат геноцид! Па како имаат образ да ме осудуваат“, изјави Дутерте, чиј непримерен гест го сними филипинската телевизија ABS-CBN.