Телата на две сестри од Садуска Арабија, Ротана (22) и Тале (16) Фареа, се пронајдени покрај брегот на реката Хадсон во Њујорк, залепени една за друга со леплива лента околу нивните лица.
Ротана и Тала неодамна побарале азил во САД. Живееле во Феркфакс, во американската сојузна држава Вирџинија.
И двете често исчезнувале и се појавувале, но полицијата не знае како завршиле во реката. На сајтот на Националниот центар за исчезнати деца било поставено дека Тала последен пат е забележана на 24 август.
Сега таквата објава е отстранета. Неименуван извор вели дека сестрите Фареа престојувале во САД од 2015 година и дека еднаш биле сместени во засолниште затоа што побегнале од дома.
Authorities probing the mystery surrounding the deaths of Saudi nationals Rotana and Tala Farea. https://t.co/15zpN4p6Fu
— HuffPost Crime (@HuffPostCrime) October 29, 2018
Мајката ѝ соопштила на полицијата дека сестрите исчезнале откако на целото семејство, кое вклучува и двајца браќа, му било наредено да се врати во Саудиска Арабија.
Еден роднина изјавил дека семејството Дареа било среќно.
Tala Farea had been missing from Fairfax since August 24, according to the National Center for Missing and Exploited Children https://t.co/kUZWtge5lX
— 8News WRIC Richmond (@8NEWS) October 28, 2018
„Никогаш немале проблеми, а најстарата ќерка дури и заминала на колеџ во Њујорк со благослов на родителите“, вели неименуваниот роднина.
Конзулатот на Саудиска Арабија во Њујорк твитувал дека внимателно ја следи истрагата за смртта на сестрите Фареа.
The Consulate General is following closely with local authorities the investigation of the two Saudi citizens found in the Hudson river.
تتابع القنصلية العامة مع السلطات المحلية تفاصيل حادثة قضية المواطنتين السعوديتين اللتين عثر عليهما في نهر هدسون.— القنصلية العامة في نيويورك (@KSAconsulateNY) October 29, 2018