Европската вселенска агенција вчера прими сигнал од еден од нејзините сателити кои кружат околу Марс, а за кој се верува дека доаѓа од вонземјани. Сигналот го примија во 21 часот и 16 минути по македонско време. Истиот содржи шифрирана порака, а го прими една од сондите околу Марс.
Сигналот бил забележан од орбитерот ExoMars Trace Gas Orbiter и е во рамките на проектот A Sign in Space, на кој работат група меѓународни експерти. Сите тие се обидуваат да дојдат до одговорот на прашањето како и што доколку човештвото прими сигнал од вонземска цивилизација.
Сондата EhoMars ја емитуваше пораката која од Марс до Земјата патуваше 16 минути. Беше регистрирана од радиотелескопот Медичина во Болоња, кој има чинија со пречник од 32 метри. Со телескопот управува Италијанскиот национален институт за астрофизика INAF.
Освен него, пораката стигна и до американскиот радиотелескоп „Ален“ на Институтот СЕТИ во Калифорнија и радиотелескопот Роберт Ц. Бирд од опсерваторијата Грин Банк во Западна Вирџинија.
Содржината на пораката, во чиешто составување биле вклучена интердисциплинарна група истражувачи, во моментов сѐ уште се чува во тајност. По регистрирањето на сигналот, научници ќе се обидат да ја декодираат пораката и да откријат и протолкуваат што точно истата содржи.
Која е поентата на оваа глобална „вежба”? Како што објаснуваат научниците „во текот на историјата, човештвото бараше значење во моќните и трансформативните феномени. Добивањето порака од вонземска цивилизација би било длабоко трансформативно искуство за целото човештво. Проектот „Знак од вселената“ нуди уникатна можност за опипливо искуство и подготовка за едно ваквосценарио преку глобална соработка, поттикнувајќи потрага по значење без одредени рокови, вклучувајќи ги сите култури и дисциплини“.
Секој кој ќе посака да го следи и да учествува во настанот тоа ќе може да го стори преку https://asignin.space/the-message/, а веднаш по емитувањето на пораката ќе може да ги преземе податоците и да се обиде да ја декодира и да ја протолкува содржината од неа.