Експедиција од теоретичари кои сметаат дека земјата е рамна, велат дека ќе организираат, конвенции, крстарења и експедиции за да докажат дека нивниото убедување е вистинито. Групата на научници велат дека имаат во план до 2020 година, да го посетат Антарктикот и да го откријат крајот на светот.
„Не веруваме дека нешто може да падне од работ на земјата, затоа што многу луѓе мислат дека земјата има облик на купола, односно половина кугла, а ѕвездите, Сонцето и Месечината се внатре во самата половина со нас. Тие се наоѓаат високо над нас, но се внатре во атмосферата. Нема шанси нешто да падне од планетата“, изјавил Роби Дејвидсон, еден од организаторите на експедицијата.
Flat Earth supporters now plan an Antarctica expedition to the edge of the world: https://t.co/YDuzS7oyqF pic.twitter.com/yfJcCn84Ou
— ForbesLife (@ForbesLife) March 17, 2019
„Ако можеме да дојдеме до брегот на Антарктикот и да пловиме цело време околу него, големи се шансите да докажеме дека тоа е надворешната страна од рамната земја. На тој начин ќе го побиеме секој аргумент кој оди во прилог на култот на хелиоцентризмот“, вели Џеј Декасби, еден од застапниците на оваа теорија.
Дури и контроверзната „Јутјуб“ ѕвезда Логан По, неодамна изразил желба да патува до крајот на светот и најавил дека ќе објави документарец под името „Рамна земја: До работ и назад“.
Тој сега се надева дека експедицијата преку Антарктикот ќе ја потврди нивната теорија за рамна Земја, како и дека тој прв ќе дојде до самиот ѕид.
„Јас сум тој тип кој ќе стигне до крајот“, изјавил Логан.