ЕУ забранува спорни пестициди кои масовно ги убиваат пчелите

Европската комисија препорачала забрана откако Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) заклучила дека трите најчести неоникотиноиди (клотинидин, имидаклоприд и тиаметоксам) му штетат на централниот нервен систен на инсектите, вклучувајќи ги и пчелите.

Членовите на ЕУ во петокот се договориле во целост да ги забранат трите активни супстанци кои се користат во пестицидите затоа што научните студии утврдиле дека се штетни по пчелите.

Пчелите опрашуваат голема земјоделска површина и секое намалување на нивниот број е причина за загриженост во земјоделството и прехрамбената индустрија.

„Здравјето на пчелите ми е од најголема важност затоа што влијае на биоразноликоста, производството на храната и околината“, изјави пратеникот на Комисијата за здравје и безбедност на храната „Vytenis Andriukaitis“.

Откако државите членки на ЕУ во петокот на Постојниот одбор за билки, животни, храна и сточна храна, со мнозинство гласови го поддржаа предлогот на Европската комисија за забрана на секаков вид на употреба на гореспоменатите три спорни супстанци.

Пестицидите кои ги содржат овие супстанци и понатаму ќе можат да се употребуваат во оранжериите, каде пчелите не се изложени. Се очекува одлуата да стапи на сила до крајот на годината.

Европската Акциска мрежа за пестициди (PAN), која се чини повеќе дека е невладина организација и која предупредува на штетното влијание на пестицидите, ја оценила ваквата одлука за „историски ден“ за Европа.

„Дозволувањето на неоникотиноид е голема крешка и доведе до катстрофални последици за околината“, изјавил Мартин Дермине од PAN.

Од друга страна пак фармацевската компанија Баер, кој е произведител на ноеникотиноидот, утврдила дека забраната не е оправдана, затоа што пестицидите се безбедни кога се користат во согласност со упатствата на производот.

„Одлуата е лоша за европскиот земјоделски сектор и околината и нема да го поправи и зголеми бројот на изгубени пчеки запрашувачи“, велат од таму.

 

Scroll to Top