(Фото) Археолози открија брод за кој се верувало дека не постои

Египетска мистерија стара 2000 години конечно е решена од страна на археолози кои велат дека успеале да откријат исклучително сочуван брод, за кој прв пат се пишувало во 5 век пред новата ера.

Научниците велат дека со векови се расправало дали овој брод за кој пишувал прочуениот антички историчар Херодот навистина постои.

Херодот ги опишувал необичните бродови кои ги гледал како пловат низ реката Нил, за време на посетата во Египет. Особено се чудел на нивната конструкција.

Археолозите сега велат дека имаат откриено потопени бродови и го потврдиле она за кое што Херодот пишувал.

„Дури кога ја откривме овој дел од бродот, свативме дека историчарот бил во право“, изјавил Демијан Робинсон, истражувач од Универзитетот „Оксфорд“.

Пронаоѓачот на таканаречениот „брод 17“, вели дека бродот има огромен труп во облик на полумесечина, а конструкцијата била составена од дебели даски со споени клинови.

„Ваквите конструкци досега не се забележани, во археолошка смисла“, изјавил Робинсон.

Околу 70% од бродот е прилично добро сочуван. Робинсон вели дека тоа е така затоа што со векови лежел на дното во тиња.

 

Scroll to Top