(Фото) Љубовницата на Путин, по две години криење, се појави со бурма на раката

Tајната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, гимнастичарката од Узбекистан, Алина Кабаева, за првпат по две години се појави во јавност и тоа со бурма на раката.

За неа се шпекулираше дека му е тајна љубовница и дека му родила близнаци. По војната во Украина, се ширеа гласини дека се крие во куќа во Швајцарија, или пак нуклеарен бункер во Сибир. Многумина ја поврзуваа со Путин уште од 2008 година кога беше член во Парламентот.

Сега води руски балетен фестивал по гимнастика. За последен пат беше видена во 2018-тата година кога го бранеше нејзиниот докторат. Оттогаш никој ја нема видено во јавност.

Не давала интервјуа, не учествувала во ТВ програми, а дел од медиумите пишуваа дека станала мајка на близнаците Путин. Сега се појави во една телевизиска емисија каде ги критикуваше судиите во Токио што ѝ го одземале златниот медал на руската ѕвезда Дина Аверина.

Аверина се натпреваруваше во категоријата за ритмичка гимнастика. Сепак она што најмногу привлече внимание кај гледачите беше нејзината бурма. Таа е позната и како тајната прва дама на Русија, но за време на гостувањето во Rossiya 1 никој не ѝ постави прашање за односот со Путин.

Многумина сметаат дека таа е причината поради која Путин се разведе од неговата сопруга Људмила (63) во 2013-тата година, со која има две возрасни ќерки Марија и Екатерина и со која беше речиси 30 години во брак.

Инаку, ова не е првпат Кабаева да биде забележана со веренички прстен, но досега нема никакви податоци дека таа стапила во брак. Во 2017-та Кабаева се појави со провокативен прстен на вереничкиот прст кој се обидуваше да го сокрие од папараците.

За потсетување Алина е добитничка на златен медал на Олимпијадата за ритмичка гимнастика, двапати беше Светски шампион и трипати беше победничка на Европското Првенство.

 

Scroll to Top