Првата дама на САД, Меланија Трамп, за време на одбележувањето на годишнината од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година во Њујорк носела фустан кој многу потсетува многу на сцената во која авионите се удираат во светскиот трговски центар, коментираат на социјалните мрежи.
Фотографијата ја објавил американскиот претседател Доналд Трамп, на својот официјален твитер-профил. Голем број заговорници велат дека на нејзиниот капут со бел конец биле сошиени една од кулите и еден од авионите.
Трамп и Меланија се свртени со грб, а првата дама носи долг црн капут, зашиен со бел конец. Кога сликата ќе се зголеми, конецот на долниот дел од капутот потсетува на кула и авион.
„Никогаш нема да заборавиме“, пишува под американското знаме на фотографијата. Спорната фотографија настанала за време на церемонијата кога Трамп биле во Белата куќа и Пентагон, кога Меланија носела краток, црн фустан од Ралф Лорен.
„Дали тоа е авион што се удира во кулите близначки во задниот дел од капутот на Меланија?“, прашува Ејб Калдвел.
„Не сакам да звучам како вљубеник во теории на заговор, но дали и други го гледаат авионот како удира во кулата на капутот на Меланија“, прашува Кити Хил.
На „Твитер“ голем број корисници почнале да објавуваат фотографии на кои е зумиран делот на капутот на првата дама.
„Даи ги имате отпуштено сите стилисти, или Меланија станала најголем трол?“, прашува уште еден корисник.
Имало и такви кои им се допаднала фотографијата и капутот на Меланија.
„Меланија на капутот го има споменикот на Вашингтон. Многу кул капут“, навел Чарлс Њуби.
„Тоа е само отвор на задниот дел на капутот на Меланија. Има копче кое може да го држи затворен“, напишал друг корисник. Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, изјавила за „Ју-Ес тудеј“, дека сето ова изгледа смешно.