(Фото) Мистериозна жена со црна торба постојано го следи корејскиот лидер Ким Џонг-ун

Мистериозна жена со црна торба постојано го следи лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун во последните неколку месеци, пишуваат светските медиуми. Жената е видена во црн едноставен фустан, со очила и црна торба, а нејзиниот идентитет не е познат, пишува „Гардијан“.

Оваа жена е видена со лидерот на Северна Кореја на концерт на отворено кој се одржа минатата недела, со него беше видена и во парламентот за време на неговиот говор во кој се заколна дека никогаш нема да се откаже од нуклеарното оружје.

На видеата се појавува покрај Ким, а понекогаш е зад него. Првпат е забележана во февруари, а се шпекулира дека е во триесеттите или четириесеттите години. Некои претпоставуваат дека е некоја од неговите роднини. Се верува дека Ким има најмалку две полусестри, Ким Сол Џонг и Ким Јун Џонг, и двете родени во седумдесеттите години.

„НК Њуз“ пренесе дека Ким Сол Џонг е постарата полусестра и дека останала активна во раководството на партијата, бидејќи за неа се знае многу малку.

Scroll to Top