(Фото) „Модерна“ е спонзор на „УС Опен“ и затоа Ѓоковиќ не му е дозволено да игра, смета британската новинарка Софи Коркоран

„Модерна“ е спонзор на „УС Опен“ и затоа Ѓоковиќ не му е дозволено да игра, смета британската новинарка Софи Коркоран. Светскиот тенисер не можеше да патува за САД, затоа што на странците кои не се вакцинриани против ковид им е забранет влез во земјата.

Челниците на „УС Опен“ беа критикувани затоа што не превземаа ништо за да му овозможат на Ѓоковиќ да учествува, а сега, според Коркоран, јасно е зошто е така.

Британската новинарка објави и фотографија која се споделува на социјалните мрежи. На неа се гледа еден од спонзорите на престојниот УС Опен, односно фармацевскиот гигант „Модерна“, која има вакцина против коронавирус.

„Се прашувам зошто не сакаа Ѓоковиќ да игра. Не можам никако да смислам причина“, напиша Коркоран, која е убедена дека оваа компанија извршила притисок за српскиот тенисер не игра на годинашниот „УС Опен“, затоа што не е вакциниран.

Истото мислење го има и една од челнките во одборот на Здружението на професионални тенисери PTPA, Катарина Пијетловиќ.

„’УС Опен’ е спонзориран од вакцината „Модерна“. Директорот на „УС Опен“, Стејси Алистер е во одборот на директори на Лејвер купот, кој е во сопственост на Федерер. „УС Опен“ и USTA активно одбиваат да побараат изземање за Новак, додека истовремено им дозволуваат на Американците да играат“, рече Пијетловиќ.

Scroll to Top