(Фото) Срушено НЛО или експлозија на метеор на Марс?

НАСА објавила нови снимки од планетата Марс на кои може да се забележи кратер што настанал по пад на метеор.

На почетокот службите во НАСА се сомневале дека можеби станува збор за срушено НЛО.

Овој огромен кратер е формиран во последните 10 години, сметаат научниците.

Дупката е широка околу пет метри и е формирана кога метеорот удрил во планетата и експлодирал.

Трагата што може да се види на сликата всушност не настанала за време на ударот, туку е резултат на подигање голема прашина.

„Кога метеорот паднал на површината и експлодирал, настанал кратер. Истовремено, метеорот ја предизвикал оваа лавина. Кратерот сам по себе е широк пет метри, а трагата е долга еден километар. Долгата трага настанала кога лавината прашина се поместила и ја напуштила црната дупка“, велат од НАСА.

 

Scroll to Top