(Фото) Во центарот на Белград ископана античка гробница

Во строгиот центар на Белград, во улицата Влајковиќева, во тек се ископувања, а археолозите наишле на античка гробница, пренесоа медиумите. Ја нашле на местото каде порано имало парк пред Народното собрание објави порталот „Се за археологијата“.

„Римска гробница се појави во Влајковиќева. Му завидувам на археологот Миша. Има ли нешто повозбудливо. Уште една фотографија од археолошкиот локалитет кај Домот на народното собрание. Откопана е купола од тули во тркалезна форма. Не е печка затоа што нема отвор“, пишува на Инстаграм.

Како што предвидуваа и резултатите од геофизичките мерења, за време на ископувањето први беа откриени урнатини од куќите кои беа срушени за време на бомбардирањето на Белград во 1944 година.

На 3 април, беше отстранет последниот слој од урнатините на една од куќите што некогаш се протегала по улицата Влајковиќева. Археолозите конечно стигнале до римскиот слој и открија недопрени остатоци од античка гробница.

Станува збор за гробна конструкција направена од камен, заѕидана во сув камен, во форма на квадрат. Надворешните димензии се 1,2 x 1,2 метри. Изградбата на гробницата многу потсетува на типот на гробници изградени со сув камен и кои главно се појавуваат во норичко-панонската област, Рајнскиот лимес и во Галија.

Но, неговите внатрешни ѕидови се печени, слични на гробниците од типот Мала Копашница – Саса, кои инаку се карактеристична форма на римски погребувања во Мезија.

Археолошките ископувања во Народното собрание почнаа пред еден месец, а ги врши Музејот на град Белград, под раководство на Милорад Игњатовиќ.

Снегот во април за кратко ги запре археолошките истражувања, а за тоа време археолошкиот тим ги сумираше резултатите од претходните работи во канцеларијата.

Scroll to Top