Дали сте знаеле зошто Јосип Броз Тито во 1927 година бил најбаран човек во Загреб и како добил прво 7 месеци, а потоа и 5 години робија?
Постојат детали за животот на поранешниот претседател на Југославија, кој гледал се обидел да ги сокрие од очите на јавноста.
Не е за изненадување ако се каже дека Јосип Броз и денеска е една од омилените цели на теоретичарите на заговори.
Од тоа дека тој никогаш не бил вистинскиот Tито, до тоа дека бил странски агент со потекло од Полска, јавноста на Балканот се изнаслуша во последните децении сè и сешто. Но, не и за тоа како добил петгодишна робија.
Од татко до затвореник
Тито во есента 1920 година се вратил во Загреб каде што стапил во редовите на Комунистичката партија на Југославија. Истата година партијата е забранета со одлука на кралот.
Откако останал без работа, Броз во 1921 година се вработил во местото Велико Тројство каде што добил три деца.
Првото дете починало во Загреб, а во Тројство му е погребан Хинко, кој починал осум дена по раѓањето, како и ќерка му Златица, чиј живот згаснал 17 месеци потоа.
Година дена пред да го напушти Велико Тројство му се родил синот Жарко, кој бил единствен кој останал жив од четирите негови деца од првиот брак.
Кога во април во 1927 година се вратил во Загреб, осуден е на 7 месеци робија и тоа поради комунистичка пропаганда.
Судот во Огулин немал милост, но ниту Тито во својата намера по излегувањето од затвор да ја обедини до тогаш поделената партија. Обединувањето го чинело пет години живот.
Потпис за ќелија и дружење со истомислениците
Имено, Тито го ставил својот потпис на летоците со кои ги повикувал работниците на демонстрации во јуни 1928 година.
Полицијата го уапсила на 4 август 1928 година, а потоа судот го осудил на пет години затвор.
Казната ја издржувал во Лепоглава, почнувајќи од 1929 година. Наскоро му се приклучил истакнатиот комунист Моша Пијаде. Тргнале со осмислување воени планови за организирање на партиските единици.
Пијада во слободно време сакал да слика па во еден пригода го нацртал и самиот Тито. На почетокот во 1931 година Јосип Броз Тито изненадувачки го преместиле во затвор во Марибор, кого го биело глас како најлош во Југославија.
А тогаш се појавил Тито
Јосип Броз Тито трпеливо го дочекал крајот на издржувањето на казната, но наместо слобода, повторно го префрлиле зад решетки, и тоа на 3,5 месеци во Огулин.
Дури на крајот на март 1934 година излегол надвор, но само до Кумровец. Таму му забраниле да се движи во тоа место.
Тука, по само еден месец, побегна и станал илегалец познат под надимакот Тито.