Принцот Ендру излажа кога изјави за „Би-би-си“ дека не ја познавал Вирџинија Робертс, жената која го обвини дека сексуално ја злоставувал кога била малолетничка, пишуваат британските медиуми.
Фотографијата од нив двајца, синот на кралицата во интервјуто кажа дека е лажна и дека е фотошопирана. Ендру изјави дека се надева во иднина ќе излезе оригиналната фотографија и дека ќе се спаси од секаков вид одговорност.
Британските медиуми пишуваат дека фотографијата е оригинална и дека за разлика од другите нивни заеднички фотографии кои се фотошопирани и кои се појавија низ разни таблоиди, оваа воопшто не му иде во корист на принцот Ендру.
Целата фотографија ги прикажува сите детали од куќата на госпоѓа Максцел. Фотографијата на ѕидот, но и она што можеби наликува прстот на Епстајн кој покрил дел од објективот. Сите околности на фотографијата укажваат дека станува збор за оригинал.
Вирџинија Робертс со семејството живеела во Централното крајбрежје на Австралија. На почетокот таа не сакала да зборува, затоа што се плашела од Епстајн можел да ја убие. Таа имала само 15 години пред да почне милијардерот да ја нуди на своите богати и моќни пријатели.
Епстајн претходно има признаено дека подведувал малолетни девојки на возраст од 14 години. Кога Вирџинија одлучила да проговори, таа за новинарите на британски „Мејл он сандеј“ им ги покажала фотографиите од времето кога била тинејџерка и кога патувала низ светот со Епстајн. Тие биле заедно на места од Ново Мексико па до Париз.
Меѓу фотографиите се нашла и онаа со принцот Ендру. Вирџинија објаснила дека фотографијата е направена во домот на госпоѓа Максцел, откако го посетила ноќниот клуб на сегашниот американски претседател Доналд Трамп.
Ваквото сведоштво, принцот Ендру категорично го отфрли во своето интервју за „Би-би-си“.
„Го замолив Џефри да не слика мене и принцот. Сакав фотографијата да ѝ ја покажам на мајка ми“, изјавила Вирџинија. Се додека новинарите не ѝ тропнале на вратата, таа не помислила дека оваа фотографија има некаква вредност. На новинарката и кажала дека со принцот имала секс три пати додека била тинејџерка.
Но, поради правни причин, досега таа не ја објавила нејзината приказна. Во своето интервју, принцот Ендру кажал дека фотографијата е фотошоп и дека раката околу половината на Вирџинија можеби не е негова.
„Моите истражители ми кажаа дека не може да се докаже дали фотографијата е лажна или не, затоа што тоа е фотографија, во фотографија, во фотографија“, изјавил Ендру.
Вирџинија Робертс им ја предала оригиналната фотографија на истражителите на ФБИ, кои никогаш не изразиле сомнение во нејзината оригиналност.
Принцот се повлече од јавниот живот
Принцот Ендру веќе со месеци е под притисок поради врската со Џефри Епстајн, 66 годишниот американски милијардер, кој откако беше по втор пат обвинет за сексуално злоставување на малолетнички, изврши самоубиство во август во затворот во Њујорк.
Во 2010 година принцот Ендру, третото дете на кралицата Елизабета Втора, е фотографиран како се шета со Епстајн во парк во Њујорк, две години откако финансиерот е осуден поради искористување на малолетнички.
„Мејл он сандеј“ објави фотографии од принцот во станот на Епстајн на Менхетен, кои настанале отприлика во исто време, а по тој повод синот на кралицата изјавил дека долго размислувал и на крајот заклучил дека било погрешно од негова страна што се дружел со Епстајн. Пред четири дена тој одлучи да се повлече од јавниот живот.
Ендру објасни дека непромислениот однос со починатиот американски милијардер Џефри Епстајн, кој веќе еднаш бил осуден за заведување на малолетнички, му нанела голема штета на кралското семејство, пренесе „Ројтерс“.