Франција го затвори центарот за рехабилитација, во кој се обидоа 25 радикални исламисти, да ги изведат на вистинскиот пат – резултат од пилот – прграмата е катастрофален.
По крвавите терористички напади во 2015 и 2016 година во Франција, во кои имаше повеќе од 240 жртви, тогашниот премиер Мануел Валс покрена пилот-програма на одвикнување од тероризмот и исламискиот радикализам.
Но, таа програма не ги даде посакуваните резултати и сега пропадна, затоа што е невозможно да се лечат луѓето, и да се обидете да ги одвикнете од радикалниот ислам, кој тие го сметаат за пат кон рајот.
Поклонување или Марсељеза
Имено, во тој центар имало 25 радикални исламисти, кои требале да се вратат на вистинскиот пат, мажи во добата меѓу 18 и 30 години, кои биле на воените полиња во Сирија и во Ирак на страната на терористичките организации на Исламската држава и Ал-Каеда.
Иако француските власти се надевале дека таа пилот-програма ќе успее да им помогне на муслиманските радикалисти, да се вратат на вистинскиот пат, го занемерија мислењето на експертите, дека истата таа програма ќе има контраефект, и повеќе ќе ги радикализираат исламистите, и ќе им биде поттикната омразата кон општеството.
Токму тоа и се случи. Сите исламисти ја напуштија програмата, тврдејќи дека таа пилот-програма на одвикнување од исламискиот радикализам, всушност е антиисламска индоктринација.
„Наместо да се поклонувавме, ние во петокот, целиот ден пеевме Марсељеаза“, се пожали еден исламист. Ваквите видови на пилот-програми, кои се состојат, меѓу остантото, од играње на фубал, одење во теретана, а потоа и запишување на Универзитет, има и во Данска, но тој исто така не ги даде посакуваните резултати. Од друга страна, Холандија и Белгија, преземаа драстични мерки.
Холандија е најригорозната, па им забрани на некои џихадисти да се вратат во земјата, а тие кои се вратија се соочија со судење, и според законот, ако ја почекаат пресудата на слобода или добиле условни казни, или пак ја отслужиле казната, мораа да носат посебни ракавици преку кои полицијата постојатно ги следи.
Белгија каде има најголем број на џихадисти по жител, не само што ги суди оние кои ќе се вратат на воените боишта, туку и на оние кои никаде никогаш не отишле, но ги охрабруваат другите да се борат. Слично е и во Германија.
Потенцијални самоубијци
Во меѓувреме, Интерпол објави листа од 173 потенцијални бомбаши самоубијци припадници на терористичките организации на Исламската држава.
Меѓу нив е се и голем број на џихадисти од ЕУ и земјите од Балканот. Еден од најопасните терористи од пописот е и Германец, 27 годишниот Сами Ј. кој се претставува како Абу Асид ал-Алмани.
На листата на лица за кои Интерпол распиша потерница поврзана со исламистичкиот тероризам се 17 државјани од Босна и Херцеговина, меѓу кои и Едвин Бабиќ наречен Осман од Сараево, Инес Миџиќ Бигач, Фикрет Хаџиќ, Јасмин Кесеровиќ наречен Јапа, Амир Селимовиќ роден од селото кај Живиница во БиХ, односно државјанинот на Србија Горан Павловиќ Абдулах, воено име Ебу Убејде.
Црногорската Агенција за национална безбедност (ANB) тврди дека располага со податоци за црногорски државјани на блиско радикално исламистичко движење, кое се наоѓа на потерницата на Интерпол.
Меѓу државјаните од Црна Гора, за кои ANB има податоци за неколку студенти од Бара, Плава и Илциња, кои тајната полиција ги држи под строг надѕор.