По повод Меѓународниот ден на целосна елиминација на нуклеарното оружје, генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш објави на „Твитер“ дека човештвото е преблиску до нуклеарно уништување.
„Речиси 14.000 парчиња нуклеарно оружје биле складирани ширум светот. Тоа е неприфатливо и сега е моментот да засекогаш ја разбиеме заканата од нуклеарен конфликт, да го елиминираме нуклеарното оружје од нашиот свет и да воведеме нова ера на доверба и мир“, рече тој.
Во прашање се екстремни моќни бомби кои црпат енергија од расцепувањето на атмои или соединување на мали честички внатре во атмоот. Поради тоа, нуклеарната бомба некогаш се викала атомска бомба.
Нуклеарната бомба ослободува огромна количина на радијација која може да предизвика сериозни пореметувања и болести, така што нивниот ефект трае многу подолго од самата експлозија. Но, во текот на историјата, користени се само два пати. Во 1945 гоидна.
Американците ги користеа против Јапонија во Втората светска војна, што предизвика огромно разорување и губиток на голем број животи.
Радијацијата од бомбата фрлена на Хирошима траела неколку месеци и усмрти повеќе од 80.000 луѓе. Од бомбите фрлени на Нагасаки настрадале повеќе од 70.000 луѓе. Од тогаш атомските бомби не се користени ниту еднаш.
Девет земји засега поседуваат нуклеарно вооружување. САД, Велика Британија, Русија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја.