Германски лекар осуден за дрогирање и силување на десетици жени при лажно истражување за ракот

Германскиот лекар е осуден затоа што давал седативи и потоа силувал десетици жени во лажното истражување за ракот.

Лекарот кој уверил 23 жени да учествуваат во медицинските обиди поврзани за лечење на ракот, им давал седатици, а потоа ги силувал, е осуден на 10 години затвор.

Регионалниот суд во Нирнберг го осуди 41 годишниот човек, поради многубројните сексуални пркршоци, вклучувајќи и силување на 23 жени во перидоот меѓу 2009 и 2016 година.

Седум случаи вклучувале силување, додека за уште десет се смета дека биле сексуално злоставени додека биле неспособни да пружат отпор, според зборовите на портпаролот на правосудството, цитирано од страна на порталот „The Local“.

Неидентификуваниот маж кој тврдел дека е вработен на Универзитетот „Ерлаген Нирнберг“, опфатил здравствено скенирање на ракот. Тој ќе ги намамел жените на состанок, каде потоа ќе им давал седативи пред да ги силува.

„Длабоко сум посрамотен што ја искористив довербата на жените. Стравот беше довербата, околу контролата“, изјави обвинетиот, кој се изјасни дека е виновен на почетокот на судењето, наведува Билд.

Претседателот на советот изјави дека останал „без зборови и бил вџашен“, од овие злосторства и дека ги „деградирал жените како различни сексуални кукли“.

Двете силувани жени побарале тестови за лекови на веб страниците на Универзитетот и го контактирале лекарскиот одел на Универзитетот, по што во полицијата ги пријавиле злосторствата, откако откриле дека лекарот ги измамил.

 

 

Scroll to Top