Ги трошиме сите ресурси на Земјата, живеејќи неодржлив начин на живот

Светот има доволно за сечија потреба, но нема доволно за сечија алчност“, предупредил Махатма Ганди.

Сепак, нациите практикуваат неодржлив начин на живот, и тоа по цена на прекумерната потрошувачка на Земјените ресурси, известува „The Daily Mail“.

Студијата доаѓа од универзитетот Лидс, каде истражувачите ги проучувале барањата за „подобар живот“ во 11 точки.

 

Основните потреби вклучуваат минимален дневен доход од 1,90 долари, минимален животен век од 65 години и постојана потрошувачка на електрична енергија и храна.

Исто така ги проучувале општествените цели, како што се вработувањата, поддршката од семејството и пријателите и правата на демократија.

Истражувачите исто така проучувале колку ќе ја чини планетата за да ги исполни ваквите потреби. Тие трошоци вклучуваат емисии на CO2, потрошувачка на вода и исцрпување на природните ресурси.

За да се олесни споредбата и контрастот, истражувачите објавиле поединечни веб страници за 150 земји, на кои е документирана потрошувачката на ресурсите и постигнувањата во квалитетот на живеењето.

Студијата од Лидс утврдила дека земјата троши планетарни ресурси за да ги оствари овие општествени цели.

Напредок по секоја цена?

Според главниот автор, доктор Даниел Онил, за секоја акција потребна е потрошувачка на средства. Сепак, луѓето често не ја сваќаат врската меѓу своите делувања и околината.

Во текот на студијата, тој и неговиот тим процениле дека земјата и светот можат да ги исполнат основните потреби за својата популација без исцрпување на планетарните ресурси.

„За жал, истото не вреди и за другите општествени цели кои ги надминале основните животни потреби, како што средношколското образование и виското животно задоволство“, додал доктор Онил.

„Постигнувањето на тие цели може да бара ниво на користење на ресурси кои два до шест пати се поголеми од одржливото ниво на живеење“.

На пример, студијата бележи дека западна Европа, Скандинавија, Јапонија, САД и Канада постигнуваат висока стапка на општествено ниво. Но, тие истите земји постигнуваат ниско ниво на резултатите во рамки на заштитата на околината, што би значело дека не можат трајно да ги задржат своите општествени постигнувања.

Особено САД, не успеале да постигнат било кои од целите на одржливост на околината, известува „The Daily Mail“.

„Нашите резултати сугерираат дека некои од целите на одржлив развој на Обединетите народи, како борбата против климатските промени и нејзините влијанија, можат да бидат поткопани со тежината за други цели, особено оние насочени на растот или високото ниво на човечка благосостојба“, изјавил доктор Ендрју Фанинг.

Од 150 земји опфатени во истражувачкиот тим во Лидс, само 16 ги задоволиле сите седум еколошки цели.

Земјата која постигнала најголема рамнотежа меѓу целите е Виетнам, која исполнила шест од 11 општествени цели и шест од седум цели за заштита на околината.

На спротивната страна од спектарот е Свазиленд. Резултатот на одржливост на оваа јужноафриканска земја е еднакво лош како оној на Кина, Јужна Кореја и Велика Британија.

Всушност, истражувачите забележале 35 земји кои можеле да остварат само еден или ниту еден од 11 општествени цели за добар живот.

Враќање на правиот пат

Вториот коавтор на научно истражување, доктор Вилиам Ламб, приметил дека богатите народи ги задоволуваат основните потреби на своите граѓани, така што премногу трошат на ресурсите за неодржлива стапка. Наспроти тоа, земјите со одржливо ниво на користење на ресурси, како што е Шри Ланка, не можат да си ги дозволат основните потреби на своите луѓе.

„Потребни се радикални потреби за да луѓето живеат добро во границите на планетата“, тврди коавторот на студијата доктор Јулија Стеинбергер. Таа ја повикала нацијата да ги ревидира своите економски приоритети, брзо да се префрли на обновливата енергија и да се редистрибуира богатството на рамномерен начин.

„Нашата физичка инфраструктура и начин на дистрибуција на ресурстите се дел од она што ние го нарекуваме систем на резервирање“, објаснила доктлр Стеинбергер.

„Ако луѓето сакаат да водат добар живот внатре во границите на планетата, тогаш системот на давање услуги мора темелно да се реструктуира, за да се овозможат основните потреби бидат исполнети на значително ниско ниво на користењето на ресурсите“.

 

Scroll to Top