Веќе со децении биотехнолошката индустрија се обидува со своите генетски модифицирани (ГМО) производи да ја преземе прехранбената индустрија.
Монсанто и другите мултинационални корпорации се инфилтрираа во највисокото ниво на федералните агенции така што нивната патентирана франкештајн-храна може да биде темел на пазарот.
Тие во повеќе наврати се разоткриени за пласирање невистини, и истовремено се пречка за голем број самостојни независни истражувачи. Истовремено ГМО семињата се одобрени за продажба. Тие трошат милиони долари на реклами за да ја уверат јавноста дека нивната храна е безбедна за човечкото здравје и околината.
Времињата се менуваат, а алтернативните медиуми го откриваат патот до сузбивање на индустриската пропаганда и нивните независни истражувања излегуваат во јавност.
И тоа навистина функционира, како што покажа неодамнешната анкета, која вели дека речиси 90% од потрошувачите сакаат да знаат дали нивната храна е ГМО или не. За среќа, тие биле успешни во разоткривањето на обидот на сојузната влада да го забрани означувањето на ГМО храната.
Рејчел Парент, 14-годишната девојка, одигра голема улога во едукацијата на другите луѓе со својата кампања. Таа имаше дебата со Кевин Олеари на националната телевизија, говор на „TEDx“ настан и состанок со поранешниот канадски министер за здравство Рон Амброуз.
Додека биотехнолошката индустрија се преправа дека не е вознемирена од активистите, документите покажуваат дека Монсанто и нивните групи се уплашени до тој степен што трошат голема количина пари за да финансираат напади врз Рејчел и други трагачи по вистината.
Активистичката група „US Right to Know“ (ISRTK) открила документи кои вклучуваат и е-пошта од биотехнолошките корпорации. Тие разговарале за тоа како да ѝ се спротивстават на 14-годишната Рејчел и барале помош од универзитетските професори за да ја нападнат нејзината веродостојност.
„Главно, научниците се тие кои напаѓаат, но Рејчел ги одбива нападите. Агрохемиската индустрија очигледно е прилично загрозена од овој тинејџер, па затоа се бори против неа“, вели Гери Рускин, директорот на „USRTK“.
Во август 2014 година Монсанто му дал 25.000 долари на универзитетскиот професор Кевин Фолт, кој може да ги користи по сопствено убедување за поддршка на своите истражувачки проекти.
Професорот Фолт докажал дека е подготвен да биде бесно куче на Монсанто и во нападите на 14-годишното девојче.
Иако Фолт негира дека работи во името на Монсанто, документите покажуваат дека Фолт пишувал текстови на блогови и на веб-страницата „GMOAnswеrs.com“, која е во сопственост на ГМО компаниите, а присуствувал и на јавни расправи, трибини и настани каде што ја бранел ГМО технологијата. Тој исто така лобирал и во Конгресот, како и во други владини агенции.
Фолт поставил прашање на интернет:
„Дали се согласувате или не со 14 години старата активистка против ГМО храната, Рејчел Парент, која, според своите зборови, не е против науката туку е за одговорна наука и етички напредок?“ .
Фолт исто така планира да направи веб-страница под името „kidsrighttotuth.com“ со надеж дека ќе ги привлече читателите кои ја следат нејзината веб-страница „Kids Right to Know“. Тој јавно поддржувал биотехнолошка фирма и го напаѓал „ѓубрето“ од наука и информациите на веб-страницата со која управува Рејчел Парент.
Рејчел не се плаши во своето настојување да ја шири вистината и свеста за опасностите од ГМО храна.
„Тоа дефинитивно им ги отвора очите на луѓето“, изјави Рејчел.
„Од една страна, бев многу изненадена и разочарана што професор од универзитет ја дискредитираше нашата веб-страница, која навистина има голема посетеност, особено од младата популација. Од друга страна, бев задоволна што мојата страница против ГМО храната Kids Right to Know доживеа и успех и напади, така да беше малку горко,