Во САД постои град за кој се верува дека мнозинството од 1.314 жители кои престојуваат во него се заштитени сведоци. Местото се нарекува Поинт Робертс и зазема површина од 12.65 квадратни километри. Се наоѓа во државата Вашингтон, но за да се влезе на територијата на САД, посетителите мораат да поминат прво низ Канада.
Поинт Робертс е енклава, односно дел од територија, регион или подрачје кое е издвоено од сопствената и вклучено во друга држава. Поинт Робертс е град со празни плажи и десетина бензиски пумпи. Тамошните жители велат дека овој град е многу ретко посетуван од странци.
Во суштина станува збор за оградена заедница која ја чува американската влада. Кога била воспоставена американско-канадската граница во 1846 година, на 49. северна паралела, линија го пресекла овој канадски полуостров. Луѓето многу ретко доаѓаат на ова место со авион или брод, а уште поретко со автомобили од Канада.
Локалниот историчар Марк Свенсон истакнува дека Поинт Робертс не бил превид. САД на овој дел од територијата им дале права на тамошните жители за риболов и имаат обезбедено стратешко место на пацифичкиот северозапад.
Со децении оваа територија била на располагање на американската војска, но во 1908 година, одлучено е да се додели на населениците, главно имигранти од Исланд. Денес Поинт Робертс е пошумена, рурална заедница, а е позната и по тоа што во неа живеат многу белоглави орли.
Посетителите кои најмногу ги има од канадскиот град Ванкувер велат дека секој пат кога ќе поминат низ ова место го користат за одмор. Но, освен неколкуте супермаркети и продавници, нема никакви други поволности кои ова место може да ги понуди.
Постојат шпекулации дека Поинт Робертс е популарно место за населување на заштитени сведоци од федералната програма и дека најголемиот дел од жителите се лица кои добиле нов идентитет и сместување во овој град. Канада има посебно строг закон и го забранува влезот на оние со криминално досие.
Тоа претставува дополнителна заштита за наводните сведоци, затоа што сите кои ќе минат во Поинт Робертс мораат да минат низ Канада за да влезат во САД.
Поинт Робертс не е единстената американска енклава. Алјаска, делови од Минесота, како Нортвест Енгл и Елм Поинт, Алберг во Вермонт и Провинцијата Поинт, исто така се места кои се делови на САД на туѓа територија.