Понекогаш се чини потполно неверојатно дека после сите научни сознанија и достигнувања до кои дошло човештвото во 20. век, во денешно време постојат луѓе кои веруваат и ја пропагираат идејата дека Земјата е рамна.
Со нивните тврдења дека се што знаеме за Земјата и хелиоцентричниот систем на измана и „несоборливите докази“ дека живееме на рамна плоча реши да се пошегува никој друг освен Гугл.
Кога некој поборник на теоријата за рамна земја ќе проба да се претстави на некој свој истомисленик во Франција, нема да му биде сеедно ако користи гугл транслејт.
Гугл одлучи малку да ги исмее рамноземјашите, па на својот преведувач му овозможи да се пошегува со нив. Кога некој поборник за Рамна земја ќе сака да се претстави на француски, па во гугл транслејт ќе напише на англиски: I’m a at-earther (Јас сум рамноземјаш), ќе добие превод кој на француски гласи Je suis un fou. (Јас сум луд или Јас сум будала).