Хаос на Мис Универзум: Член на жирито се повлече три дена пред финалето

Три дена пред финалето на изборот за Мис Универзум што ќе се одржи на 21 ноември во Бангкок, композиторот Омар Харфуш изненадно поднесе оставка како член на жирито. Тој тврди дека топ 30-те финалистки биле избрани од „таено, импровизирано жири“.

Харфуш на Инстаграм наведе дека дознал за формирањето на групата преку социјалните мрежи, дека резултатите се чуваат во тајност и дека никој од осумте официјални судии не бил присутен при изборот. Според него, членовите на тој комитет имале „потенцијален судир на интереси“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Omar Harfouch (@omarharfouch)

Тој напиша дека имал  разговор со извршниот директор на Мис Универзум, Раул Роча, поради недостаток на транспарентност, по што решил да се повлече и да не ја изведе музиката што ја компонирал за натпреварот.

Организацијата Мис Универзум ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека не постоело никакво импровизирано жири, и дека сè се одвива според утврдени правила. Тие соопштија дека го прифаќаат повлекувањето на Харфуш и му забрануваат да користи или да се поврзува со заштитни знаци и брендови на Мис Универзум.

Scroll to Top