Кога ќе се спомене зборот chemtrails, во јавноста веднаш од страна на научниците ќе бидете нападнати како налудничав теоретичар на заговор кој се огласува во јавноста без основа и докази.
Денеска chemtrails добива службено име, геоинженеринг, па дури и мејнстрим-медиумите сега отворено признаваат дека ги користат против климатските промени.
Научниците од земјите во развој, како што се Бангладеш, Кина, Индија и Тајланд, активно проучуваат како chemtreils може да се користат за замаглување на сончевите зраци со поставување хемиски слој меѓу сонцето и земјата.
Тие тврдат дека вештачкото блокирање на природното сончево светло да допре до површината на Земјата е пожелно во соочувањето со наводниот катастрофален раст на глобалните температури, што всушност е иронично или теорија на заговор.
Иако не постојат веродостојни докази што сугерираат дека глобалното затоплување дури е и реална работа, се трошат многу пари на пронаоѓање начини како да се спречат сончевите зраци со задржување на сончевата светлина што подалеку од луѓето.
Таканаречениот соларен геоинженеринг, всушност, сега е реална работа бидејќи истражувачите што му го перат мозокот на обичниот човек во светот настојуваат вештачки да создадат атмосферски ефект сличен на оној што го предизвикуваат слоевите пепел кога се исфрлаат од големите вулкани.
Со други зборови, преку вшприцувањето на небото сите видови хемикалии со цел блокирање на сончевата светлина, тие наводни научници веруваат дека може да преземат контрола над глобалните температури и да спречат да дојде до поголема топлина. Од друга страна, тоа очигледно ќе создаде глобална утопија каква што ја замислуваат фанатиците по климатските промени, која ќе се базира на реалност без сонце.
„Земјите во развој мора да спроведуваат истражувања за соларниот геоинженеринг“, пишува во коментарите што ги напишале 12 таканаречени научници во списанието Nature.
„Целокупната идеја (соларен геоинженеринг) прилично е луда, но постепено се вкоренува во светот на истражувањата“, коментирал главниот автор Рахман, шефот од бангладешкиот Центар за напредни студии.
Глупите псевдонаучници, кои се обидуваат да го блокираат сонцето, всушност ќе убијат милиони луѓе оневозможувајќи им го производството на витаминот Д.
Можеби не е за изненадување, но поттикот зад ова масовно перење на мозокот од страна на научниците што доаѓаат од некои од најсиромашните земји на светот е создаден од големата готовинска инфузија што стигува од Западот.
Проектот за истражување е финансиран со 400.000 долари и е познат како „Иницијатива за управување со зрачењето“ (SRMGI), која стои зад таквите видови истражувања, а е во корелација со проектот на „Отворен филантропизам“, меѓународната организација на чие чело е Дастин Московитски, еден од коосновачите на „Фејсбук“.
Според Рахман, проектот вклучува истражување за тоа како авионите може да се користат за создавање вештачки облаци кои содржат рефлектирачки сулфур високо во атмосферата, токму на нешто што предупредуваат хемиските активисти веќе со години.
„Техниката е контроверзна, и тоа со право“, се објаснува во коментарот.
„Прерано е да се знаат нејзините ефекти, тоа би можело да биде многу штетно или многу корисно“, се дополнува во коментарот.
Во меѓувреме ниту еден од тие псевдонаучни хакери не размислуваат за тоа како намерното блокирање на природната сончева светлина може да влијае на нивото на витаминот Д кај населението во светот.
Примарниот начин на кој луѓето го добиваат витаминот Д е од сонцето, односно ултравиолетовите Б (УВБ) зраци, кои го создаваат по влијанието врз човечката кожа. Тоа би можело да биде минато ако тие луѓе се обидат да го глумат Господ во постигнувањето на своите светли соништа за chemtrails.
Тоа веќе се случува, да речеме, како последица на заштитата од сонцето.
Вистината е дека за chemtrails веќе се распрашуваат од ден на ден во целиот свет, без сознанија на јавноста. Но, оние што стојат зад оваа лудост, конечно, ќе излезат од плакарот и отврено ќе признаат што прават, што значи дека е време за информирање на поединците, кои треба храбро да застанат во подигнувањето на свеста за лудилото да се елиминира сонцето од човечкото постоење.