И покрај тоа што светската популација расте, научниците очекуваат до 2050 година на Земјата да има 10 милијарди жители, сепак постојат региони во кои бројот на жители и население опаѓа.
Со други зборови, постојат подрачја кои од ден во ден имаат сè помалку луѓе.
А ваквиот тренд се очекува да продолжи. Едно од таквите подрачја, како што пренесува порталот „Axios“, потсетува на минатогодишниот проспект на Обединетите нации за светската популација во 2017 година во Источна Европа.
Земјите со највисок очекуван пад на жители до 2050 година се:
- Бугарија (23%)
- Латвија (22%)
- Молдавија (19%)
- Украина (18%)
- Хрватска (17%)
- Латвија (17%)
- Романија (17%)
- Србија (15%)
- Полска (15%)
- Унгарија (15%)
Обединетите нации во своите предвидувања ја ставија и Хрватска меѓу земјите кај кои предвидуваат голем пад на бројот на жители.
„Педесет и една земја или регион, според проекциите од 2017 година до 2050 година, ќе доживеат пад на бројот на жители. За десет земји се предвидува дека до 2050 година ќе останат без 15% од своите жители. Тоа се Бугарија, Хрватска, Латвија, Литванија, Полска, Молдавија, Романија, Украина и Девствените Острови“, стои на страницата 13 во документот на Обединетите нации.
Поточно, како што наведува споменатиот портал, Обединетите нации предвидуваат дека Хрватска до 2050 година би можела да остане без 17% од населението. Со тоа Хрватска би завршила во земјите во кои се очекува најголемиот пад на бројот на луѓе. Тука уште се и Бугарија, која според предвидувањата би требала да остане без 24% од населението, Латвија (22%), Молдавија (19%) и Украина (18%).
Но не заостануваат многу ни соседните земји. Се очекува во истиот период од 2017 до 2050 година Србија да остане без 17% од населението, а Босна и Херцеговина без 13% од населението.
Како главни причини кај повеќето источноевропски земји, вклучувајќи ја и Хрватска, се споменува негативниот природен прираст. А главната причина за таквиот природен прираст се масовните иселувања на младите луѓе кои веднаш основаат семејство во новата татковина, додека во матичните земји останува постаро население.
Хрватска го доживеа најголемиот пад на број на луѓе во последните 20 години. Овие податоци се компатибилни со податоците кои неодамна ги изнесе Државниот завод за статистика во Хрватска, а кои сведочат за сè поголемиот пад на бројот на население во Хрватска.
Од ноември 2016 година до крајот на ноември 2017 година забележан е негативен прираст од 18.934, што значи дека толку повеќе се умрени отколку што се родени. Во последната година (од 10 месец 2016 година до крајот на 10 месец во 2017 година) во Хрватска бројот на живородени изнесувал 40.320, а на умрени 59.254.
Точните податоци за бројот на оние кои си заминуваат од Хрватска, а кои ги има сè повеќе, не постојат, барем не ако ги барате од хрватските институции. Имено, државниот завод за статистика ги собира податоците од МУП, а тој ги регистрира само оние кои се пред преселбата во странство, го одјавиле живеалиштето во Хрватска, а таквите, се разбира, се многу малку.
Медиумите во септември 2016 година контактираа со земји во кои Хрватите најмногу си заминале, и така за првпат ги добиле најточните бројки. Според добиените податоци, во последните неколку години од Хрватска се отселиле најмалку 172.604 луѓе во шест земји, Германија, Австрија, Ирска, Италија, Шведска и Норвешка.
Бројките до кои медиумите тогаш стигнале се драстично поголеми од оние кои досега ги имале, а собраните податоци јасно покажуваат дека бројот на оние кои се иселуваат од Хрватска од година во година драматично расте. На пример, според податоците од Државниот завод за статистика, од Хрватска во странство,во 2015 година се отселиле 29.651 лице. Според податоците на медиумите, во 2015 година само во Германија се иселиле 57.000 Хрвати.
Кога ќе се земат предвид и другите земји, може да се процени дека Хрватска за неколку години ја напуштиле околу 200.000 жители.