За Австријката Верена Хајнц (28) одморот во Хрватска завршил кобно само еден час по нејзиното пристигнување. Девојката настрадала во морето, откако на местото за капење, на неа налетал глисер.
По направената обдукција, телото на Верена ќе биде однесено во Австрија каде ќе биде погребана. Семејството на Хајнц ангажирале и адвокати да ги застапуваат. Според наводите на пријателите на нејзиното семејство, тие ангажирале адвокат по пишувањата на хрватските медиуми, дека несреќата се случила на 300 метри од брегот.
Медиумите пишувале дека несреќата настанала на местото каде е обележана границата, до каде им е дозволено на глисерите да пловат. Оваа информација била соопштена и од Министерството за море, сообраќај и инфраструктура, во кое изричито се наведува дека Верена трагично настрадала на позиција 300 метри оддалечена од брегот.
„Тоа не е точно и моравме да реагираме. Настанот се случи во близина на брегот“, изјавила една пријателка на Хајнц, а нејзиното тврдење го потврдуваат уште неколку сведоци на несреќата.
Токму локацијата на несреќата, како што пренесуваат хрватските медиуми, е предмет на опсежна истрага, која ја спроведува DORH во соработка со морската полиција. Пријателите на девојката тврдат дека таа и нејзиниот татко за време на несреќата нуркале под вода, во делот каде било дозволено само за капачите.
Тоа значи дека глисерот морал да ги зобиколи за најмалку 100 метри. Поради тоа, нејзиниот татко и таа се чувствувале безбедно додека нуркале, па дури и се менувале за време на нуркањето.
„Тоа им беше прв пат да дојдат на Крк. Им требаа да останат неколку дена. Верена ги дала завршните испити на економскиот факултет во Виена и дојдоа да нуркаат со татко ѝ, нешто што беше нејзина страст. Потоа требаше да го продолжи годишниот одмор со пријателката. Таа беше искусна во нуркањето, мина на академијата на нуркање на Филипините. Нуркаше низ целиот свет и имаше и лиценца за инструкторско нуркање. Го видеа глисерот како кружи со голема брзина и мислеа дека ќе ги одмине, но тој тргна директно на нив“, вели пријателката на Верена.
Изворот истакнува дека полицијата ја зела нуркачката опрема како доказ. Пријателката тврди дека Верена и татко ѝ имале нуркачи оддела, а тоа го потврдиле и сведоците. Имале комплетна нуркачка опрема и тоа од најсовремен тип. Нејзиниот татко се занимава со продажба на опрема и ги следи сите трендови и технолошки достигнувања. Поради тоа, како неофицијално се дознава, клучен доказ би можел да биде специјалниот нуркачки часовник кои несреќната девојка го носела на себе, а кој исто така е земен во предвид во истрагата.
„Тоа е опрема со саат кој го бележи точното време на секое нуркање и длабочина на која се наоѓате во моментот. Се работи за нуркање на 15 метри длабочина“, вели изворот.
Поради тоа длабочината би можела да биде клучна во одредувањето на точната локација на несреќата. Морското дно на таа локација се спушта на 300 метри. Капетанот Дарко Глажар вели дека истрагата е во тек и дека не смее да открива никакви детали.