И покрај пандемијата со коронавирусот, американските милијардери се збогатиле за 565 милијарди долари, пренесуваат светските медиуми. Само во изминатите недела дена, најбогатите Американци го зголемиле своето богатство за дополнителни 79 милијарди долари.
Богатството на американските милијардери, меѓу кои и сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос и претседателот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, го зголемиле своето богатство за 565 милијарди долари за време на пандемијата.
Како што се наведува во истражувањето на американскиот Институт за политички студии, кое го пренесе „Ројтерс“ од 18. март до денес, за време на периодот од 11 недели, 42.6 милиони Американци се пријавиле на бирото за невработени, додека истовремено, богатството на најмоќните Американци, порасна за 565 милијарди долари.
Статитиката не потсетва дека степенот на економска и расна поделеност, е најголема во последните неколку недели“, изјавил Чак Колинс, еден од коавторите на ова истражување.
За време на 11 недели вонредната состојба, богатството на Безос е зголемено за 36.2 милијарди долари. Богатството на Цукенберг е зголемено за 30.1 милијарда, а Илон Маск, извршниот директор на компанијата „Тесла“, е побогат за 14.1 милијарди долари.
Само во изминатите недела дена, најбогатите Американци се побогати за 79 милијарди долари.