Иако холивудскиот глумец Алек Болдвин на почетокот негираше, сепак ФБИ потврди дека тој пукал со пиштолот со кој беше убиена снимателката Халина Хачинс за време на сетот на филмот „Рѓа“ во Ново Мексико. ФБИ ова го потврди 10 месеци по несреќата која се случи во 2021 година.
Болдвин со пиштол реквизит, покрај тоа што ја застрела Хачинс, го погоди и режисерот Џоел Соуза, пренесе Sky News. Покрај полицијата, истрага спроведе и ФБИ.
„Болдвин е крив. Пукаше и така ја усмрти снимателката Хачинс“, се вели во новата форензичка анализа која покажала дека од оружјето кое глумецот го држел на сетот, не можело да се пука, ако некој физички не го повлекол чкрапалото.
Police interview footage shows the moment Alec Baldwin put his hand over his mouth and sat in silence after being told Halyna Hutchins had died after being shot on the set of Rust.
Read more: https://t.co/eFt5dOtD1l pic.twitter.com/WfwF3VZlCo
— Sky News (@SkyNews) April 27, 2022
Светските медиуми ги добија на увид копиите од документите во кои пишува дека со чеканчето, делот од пиштолот кој удира во ударната игра, во одредена положба, не би можело да се пука, без да се повлече чкрапалото. Тие форензички налози биле прегледани и од Канцеларијата на медицинските истражители во Ново Мексико, додека понатамошната обдукција ја класифицираше смртта на Хачинс како несреќен случај.
„Смртта е предизвикана од прострелната рана во градниот кош“, пишува во документите.
„По прегледот на документите кои ги добивме, може да се заклучи дека оружјето со кое е пукано, не било намерно наполнето со вистинска муниција за време на снимањето. Врз основа на сите достапни информации, вклучително и отстуството на каква било очигледна намера да се предизвика повреда, ова најсобро се класифицира како несреќа“, е додадено во нив.
Болдвин наводно верувал дека пиштолот кој му бил даден на сетот не бил наполнет со вистински кушруми. Во интервјуто кое го дал, во кое зборуваше за несреќата на филмот, рече дека би направил сè за да ги промени работите, но, дека не се чувствува виновен за смртта на Хачинс, додавајќи дека тој не е одговорен за тоа што се случило, туку некој друг.