Иако знаел дека нема да ја преживее мисијата на која бил испратен и бил предупреден да не оди, рускиот космонаут Владимир Комаров сепак заминал да лета во вселената.
Комаров бил првиот човек кој летал повеќепати во вселената. Неговиот лет „Восход 1“, успешно бил направен во 1964 година. Но, загинал три години подоцна.
Несреќата се случила за време на тестирањето на леталото „Сојуз 1“. Комаров со голема брзина се срушил во земја и загинал на 24 април 1967 година. Имал само 40 години.
Комаров бил еден од првите советски космонаути, пробни пилоти и аеро-инженери. Бил голем пријател со неговиот колега Јуриј Гагарин кој требало да биде негова замена.
Двајцата знаеле дека се одредени за задачи со голем ризик. И двајцата не се вратиле безбедно на Земјата поради проблемите со капсулата. Според првичниот план, „Сојуз 1“ во орбитата требало да се сретне со „Сојуз 2“ и да го разменат екипажот и да се вратат на Земјата.
Од почетокот на мисијата биле пријавени многу проблеми. Инженерите и конструкторите пријавиле дури 203 грешки на леталото, но политичкиот врв решил да ги игнорира.
Некои од известувачките податоци, кои во изминатите години биле објавени и во книги, тврдат дека Комаров, месец дена пред летот, се состанал со еден од агентите на КГБ, кој му рекол дека нема да успее да се врати жив од овој лет.
Кога агнетот Венџамин Русајев го прашал зошто не сака да ја одбие мисијата, Комаров му објаснил дека ако ја одбие, ќе испратат резервен пилот, а тоа бил Гагарин.
„Ако одбијам, ќе го испратат резервниот пилот, а тоа е Јура. Гагарин би загинал место мене“, рекол Комаров и потоа заплакал.
Поради сите наведени проблеми, лансирањето на „Сојуз 2“ било откажано, а „Сојуз 1“ требало по брза постапка да се врати на Земјата по само 18 орбити.
Ориентирајќи се кон Месечината, Комаров со рачни команди успеал да ги вклучи моторите за да се врати на Земјата. Дури и за време на орбитата околу планетата, можел да почувствува дека нема да се врати жив. За време на падот, пораките кои биле забележани биле страшни да се слушаат. Бил бесен, плачел и ги пцуел оние кои го испратиле во мисија со неисправно летало. На снимката се слуша како вика дека расте температурата во капсулата, но и зборува дека го убиле.
Експертите велат дека е многу е тешко да се слушне кои биле неговите последни зборови. Во една прилика за време на отворањето на падобранот, дошло до заплеткување на јажињата и падобранот не се отворил целосно. Капсулата се срушила со брзина од 140 километри на час, при што Комаров загинал на лице место.