Неколку таинствени видеоигри од 1989 година го покажуваат рушењето на кулите близначки на идентичен начин како што тоа се случи со Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година.
По трите рушења, играта покажува нова кула One World Trade Center.
Повеќето издадени игри во годините и месеците што претходат на најголемиот светски терористички напад навидум го предвиделе тој настан, пишува Dailstar.co.uk.
Играта со име Master of Weapon, објавена во 1989 година од страна на компанијата „Таито“, се чини дека била една од популарните акциски игри меѓу играчите во тоа време.
Играчите пукаат по непријателите што контролираат вселенски брод и кои се обидуваат да го спасат светот.
Но, станува јасно дека по некое време играње таа содржи страшно предвидување.
Првото ниво има две згради, многу слични на кулите близначки, кои се рушат на ист начин како што се сруши Светскиот трговски центар на 11 септември.
Повеќе од страшно е што во уводот на оваа игра се вели дека настанот во играта се случува на 11 септември.
Deus Ex
Играта пукање од прво лице Deus Ex стана една од најпопуларните франшизи на игрите благодарение на мешавина на шпионажа и заговори.
Серијата први инкарнации на играта на компјутер се пуштени во јуни 2000 година, една година и три месеци пред страшниот настан.
Во една од мини игрите играчот се наоѓа на островот Liberty Island (Островот на слободата) и гледа во главата на Кипот на слободата.
Но, кога ќе погледнете преку Менхетн, зградата на Светскиот трговски центар повеќе не постои.
И приказната на оваа видеоигра го открива рушењето на кулите близначки во терористичкиот напад.
Програмерите на компанијата „Јон Сторм“, која ја направи играта, изјавиле дека е донесена одлука да се отстранат кулите близначки поради мемориското ограничување во тоа време.
Command and Conquer: Red Alert 2
Оваа стратегија на воената игра со име Command and Conquer: Red Alert 2 е издадена во октомври 2000 година. Издавачот на играта бил присилен да направи драматични промени во играта веднаш по 11 септември.
Тој морал да го отстрани авионот што се појавува во играта и лета кон кулите близначки, по што голема експлозија ја прекрива зградата во сцената слично како што беше изведен терористичкиот напад.
Тоа не е првпат видеоигрите да ги предвидат историските настани.
Видеоиграта Battlenfield 3, објавена во 2011 година, има мисија поврзана со терористичкиот напад на францускиот град Париз.
И страшното насилство во играта се одвива на 13 октомври, на истиот ден кога убијците на ИСИС ги убија невините жртви во ноември 2015 година.