Илон Маск: Нема да донирам 45 милиони долари месечно на Трамп

Мултилијардерот Илон Маск ги демантираше информациите дека ќе дава околу 45 милиони долари месечно на новиот политички комитет кој го поддржува Доналд Трамп.

 

Маск вчера во емисијата на Џордан Петерсон рече дека тоа „едноставно не е точно“. „Нема да донирам 45 милиони долари месечно на Трамп“, рече тој.

По интервјуто со Петерсон, Маск на мрежата X напиша дека дава донации за Америка, но сумите се многу помали.

Scroll to Top