Ирецот Мајкл Кио вели дека го спасил Хитлер и го променил текот на историјата

Ирецот Мајкл Кио е човекот кој му го спасил животот на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер и го има променето текот на историјата. Кио живеел во Германија на почетокот на 1900 година и тврди дека го спасил младиот Хитлер од сигурна смрт, а подоцна го променил и текот на историјата.

Мајкл Кио ја напуштил Ирска кога имал 16. години и се борел во бројни конфликти ширум светот. Ирецот во 1907 година ја заменил Ирска со Америка и им се придружил во групата на ирското републиканско братство во Њујорк.

Сепак, 16 годишниот Ирец потоа се бори на страната на Американците против мексиканските бандитоси во Тексас, кога бил застрелан во стомак.

Кио во Ирска се вратил во 1913 година, каде се приклучил во кралскиот ирски пук на британската војска. Наскоро потоа се нашол на суд поради искажување на силните републикански убедувања, поради што поминал месец дена во затвор.

Набрзо по пуштањето од затвор, тој се вратил во британската војска за да се бори во рововите во Големата војна, а поради ваквата одлука, тој се нашол во ситуација да му го спаси животот на Хитлер.

Кио бил заробен за време на војната и бил испратен во германски логор за затвореници. Дипломат од Ирска Роџер Кејсмент, апелирал до германските киднапери на Кио, да му дозволат да постави ирска бригада од затворници, подготвени да ги заменат страните.

Кио требало да ја води новата ирска бригада, но Кејсмент бил заробен и погубен во 1916 година, а плановите биле одложени. Наместо тоа, Кио пред крајот на војната се приклучил на германската војска.

Кио добил неколку медали за храброст од германската и британската војска, а тогаш за првпат го видел Адолф Хитлер. По војната, Ирецот останал во Германија додека земјата упаднала во политички хаос за време на падот на германското царство.

Додека комунистичките и фашистичките групи се обидувале да ја пополнат политичката празница која привремено ја исполнила Вајмарската република, Кио им се приклучил на Фрајкорим, фашистичка група која се заколнела дека ќе го уништи комунизмот.

Фрајкори немилосрдно го срушија маркистичкиот пуч во Минхен во 1919 година и таму Кио, кога конечно бил воспоставен мир во баварскиот град, го сретнал Хитлер по втор пат.

Ирецот бил стациониран во бараките во град каде двајца мажи биле тепани од 200 промарксистички војници во вежбална.

Војниците немилосрдно ги тепале мажите и ги мавале и со бајонети. Кио, кој одговорил на нападот, прво испалил неколку предупредувачки куршуми во воздух. На тој начин ги растерал војниците, а двајцата мажи биле спасени.

Откако му се приближил на еден од војниците, го забележал Хитлер. Тој брутално бил претепан и обилно крварел.

„Ако дојдев неколку минути подоцна, Хитлер ќе добиеше уште неколку удари и ќе беше мртов. Можеби и ќе го застрелаа. Подоцна се прашував што ќе се случеше, ако Хитлер умреше тој ден.

Кио се вратил во Ирска на крајот на 1919 година, за да се бори за Мајкл Колинс, во Војната за независност, пред да се врати во Германија во 1929 година, каде работел како инженер.

Но, Кио почнал да се плаши за животите на својата германска сопруга и деца, откако нацистите убиле десетина непријатели за време на Ноќта на долгите ножеви во 1934 година, напад кој го наредил човекот кој Кио го спасил пред 15 години.

Тој се вратил во Ирска каде една компанија му ветила работа, но ветувањето не го исполнила, поради што Кио се почувствувал напуштен од страна на државата.

 

 

Тој водел дневник, но ризницата со информации исчезнала два дена пред неговата смрт во 1964 година. Дневникот во 2008 година, го пронашол неговиот внук Кевин во архивите на Универзитетот во Даблин.

Семејството на Ким ги објавиле неговите дневници во 2010 година и ја раскажала невројатната приказна за Ирецот и неговите авантури, за да целиот свет ги слушне.

 

 

 

Scroll to Top