Исламските жени не смеат да одбијат секс со сопругот

Книгите кои промовираат семејно насилство и став дека жените не смеат да одбијат секс со своите сопрузи биле откриени од страна на инспектори во низата сексистички материјали во некои од британските исламски школи.

Министерството за образование на Велика Британија направило список со најлошите примери.

Канцеларијата за стандарди во образованието, услуги и вештини за децата (Оfsted) откри книга во една школска библиотека под наслов „Жените кои заслужуваат ќе одат во пеколот“. Во истата е наведено дека жените се виновни ако покажат неблагодарност кон мажот или имаат високи амбиции во животот, пренесува „Тајмс“.

Книгата исто така ги детализирала „немирните“ жени, кои биле искушение за мажите. На страниците на книгата за ученици пишува:

„Во почетокот на 20 век движењето за слобода на жените е покренато со основна цел, да се води жената кон неприродни и ненормални начини на однесување“.

Друго училиште ги поттикнувало децата да читаат текстови во кои бил ставен акцент на жените од Истокот. Во нив пишувало дека тие ја штителе својата скромност со тоа што носеле марама, а од друга страна западната жена била опишана како растргната духовно однатре, флертувала со мажи  оставајќи го својот дом за да се прошета во кино или во кафуле. Тврделе дека во муслимански брак „жената не смее да одбие секс со маж“ или „да го напушти домот каде што живее без негово одобрение“.

Момчињата и девојчињата исто така учеле дека „мажот може да избере корекција на начинот на кој ја тепа жената“. Книгата се користи како дел од основната едукација и наведува дека жените имаат одговорност да раѓаат и да ги одгледуваат децата како муслимани.

Се чини дека социјалните ставови од книгата се филтрирани во текот на годините.

Инспекторите на Ofsted пронашле и ученик кој напишал во работната задача дека жените имаат одговорност „само да раѓаат деца и да ги одгледуваат како муслимани“, а мажите би требало да бидат „заштитници на жената“.

Ученикот одговарал и за секојдневниот живот и односите. Напишал дека мажите физички се посилни, а жените се емоционално послаби. Работната задача била одобрена од страна на учителот.

Инспекторите на Ofsted изјавија дека собраниот материјал е во расчекор со универзалните муслимански размислувања и доаѓа од независни верски школи и нерегистрирани исламски школски установи.

 

 

 

 

Scroll to Top