Истрагата за убиството на словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак и неговата вереница води кон албански претриемач од Македонија, кој водел бизнис во агробизнисот на истокот од Словачка, со италијански мафијаши од криминалната група Ла Ндрангета.
Куцијак во своите текстови ги анализирал сомнителните бизниси во врска со неколку семејства Албанци во Словачка.
„Работевме со Куцијак на досието кое се однесувало на албанската мафија“, вели чешката истражувачка новинарка Павла Холцова.
Тие влегле во трага на бизнис делувањата на мафијашите од Ла Ндрангета, кои биле тесно поврзано со словачките
политичари. Холцов на 15 мај била осум часа сослушувана од страна на словачката полиција и на крајот под притисок и бил запленет мобилниот телефон, а барањето на словачката полиција да ги предаде и шифрите таа го одбила. Таа изјавила дека во телефонот имало чувствителни податоци и извори од аферата која нема врска со Куцијак и Словачка. Ваквата ситуација предизвикала и протести на новинарите во регионот и протести организирани низ Европа од страна на новинарските агенции.
Според сознанијата на весникот „Млад фронт Днес“, за кој што Холцов дала интервју, словачката полиција разработила преку 10 верзии за можните нарачатели на убиството на Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Кушнирова, чии тела се пронајдени во нивниот дом на 26 февруари.
Додека првичната верзија е дека убиството на младата двојка било нарачано од страна на италијанската мафија за која се пишувало во последниот постхумно објавен текст, полицијата проверува и неколку словачки тајкуни и македонски Албанци кои делувале со Антонино Вадала од Ла Ндрангета, кој меѓу останатото работи и со извоз на месо во Турција.
Словачки новинари и колеги од Чешка, Швајцарија, Германија, Италија и Полска, формирале меѓународен истражувачки новинарски тим за да ги довршат истрагите од сите афери, како и бруталното ликвидирање на нивниот колега Куцијак. Почнале со објави на негови истражувачи текстови, први непотврдени информации, за тесните врски и соработки на албанските македонски претприемачи во Словачка со мафијашкото семејство Вадал од Ндрангета.
Порталот Aktuality.sk, каде работел Куцијак, објавил преглед на деловната мрежа на претриемачи на Антонино Вадала и албанското семејство во Словачка, кои, како и Вадала, главниот профит го собирале од европските дотации за енергетика и земјоделство.
Според сознанијата на словачките новинари, главниот партнер на Антонино Вадала, кого Словачка го испорачала на Италија, каде пред судот во Венеција веќе одговара за шверц на дрога, е македонскиот Албанец Сеат Аличауши, со кој имале деловен бизнис со извоз на месо во Турција, каде фигурирала и поранешната љубовница на Антонино Вадала, Марија Трошкова. Подоцна таа станува секретарка на поранешниот словечки премиер Роберт Фиц.