Истражувачи открија како влијае 15-минутен разговор на мобилен на вашиот мозок

Тешките зависници имаат најголем ризик, но ризикот се зголемува колку повеќе го користите вашиот мобилен. Веќе петнаесет минути дневно е многу, а повеќето луѓе денес ги користат мобилните многу подолг период.

Според истражувањето на израелскиот Институт за наука „Веизман“, одредени мобилни можат да не изложат на штетни нивоа на електромагнетско зрачење.

Живееме во време во кое повеќето од нас не излегуваат од дома без мобилни. Но, колку и да бидат корисни, тие потенцијално се многу штетни по нашето здравје.

За истражувањето најдобро говори фотографијата што покажува како изгледа нашата глава по 15 минути поминати на мобилниот телефон.

Користењето мобилен телефон за само 15 минути дневно го зголемува ризикот од тумор на мозокот, покажало истражувањето направено во 13 земји од страна на британскиот институт Poweрwatch.

Резултатите од ова истражување се објавени само две недели откако Светската здравствена организација предупреди дека мобилните телефони можат да предизвикаат рак повикувајќи ги корисниците да ја ограничат нивната употреба, пишува „Дејли мејл“.

Сепак, резултатите од ова истражување дошле предоцна за голем број зависници од мобилен затоа што се потребни 15 години до 20 години да се развие ракот, така да досегашното користење, веќе си го направило своето.

„Тешките зависници имаат најголем ризик, а ризикот се зголемува, колку повеќе мобилниот се користи. Веќе петнаесет минути дневно е многу, а повеќето луѓе, денеска мобилните ги користат многу повеќе“, изјави водителот на истражувањето Graham Lamburn.

Луѓето кои користеле мобилни 15 минути дневно седум години имаат 72 проценти поголема веројатност од развој на тумор на мозокот. Научниците се убедени дека ризикот од рак би можел да биде и до 10 проценти поголем отколку што  покажало истражувањето.

 

 

Scroll to Top