Истражување: Македонците се втор најгневен народ во Европа

Граѓаните на Македонија се рангирани на второто место меѓу европските нации во овогодинешниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“, кој покажува колкав гнев или бес чувствува населението во секоја земја на дневна основа.

Првото место на таа листа го зазема Турција, каде 34 отсто од жителите секојдневно изразуваат одредена количина гнев, додека Македонците се втори, со 26 отсто од испитаниците кои изјавиле дека чувствуваат гнев во текот на еден ден.

По Турците и Македонците, според истражувањето на Галуп, следуваат Албанците и Црногорците (24 отсто) и Шпанците (23 отсто).

Во регионот, Бугарија, Србија и Косово се некаде при дното на листата, бидејќи меѓу 11 и 13 отсто од нивните граѓани се изјасниле дека чувствуваат бес во текот на денот, додека 21 отсто од испитаниците од Грција го кажале истото.

Се наведува дека земјите со најмал процент на гнев на дневна основа во Европа се Финска и Естонија (седум проценти), Португалија (осум проценти) и Холандија и Хрватска (девет проценти).

Scroll to Top