Истражување: Не е животот толку лош колку што ние се грижиме

Луѓето премногу се грижат и прават многу грешки кога е во прашање познавањето на глобалните проблеми.

Новиот извештај „Опасностите на перцепцијата 2017“, кој е објавен во „Ипсос МОРИ“, го испитува јазот меѓу перцепцијата и реалноста и зошто многу луѓе не се во право во врска со основниот факт кој се однесува на нивните животи.

Што е поважно, истражувањето наведува дека работите и не се толку лоши како што изгледаат, Стапката на убиство не е толку висока како што луѓето сметаат, бројот на смртни случаи во врска со тероризмот не е толку распространет, ниту е толку висока бременоста кај тинејџерите. Секако тоа така ни го сервираат мејнстрим медиумите.

Луѓето обично претпоставуваат дека 20% од младите жени и девојки раѓаат секоја година, а во реалноста всушност тоа е само 2%.

Русија погрешно се смета за нација која пие најмногу на светот, а многу е мал бројот на анкетирани испитаници кои сметаат дека тоа е Белгија, нација која навистина најмногу консумира алкохол, покажуваат истражувањата.

Во извештајот се наведува дека само 7% од луѓето сметаат дека стапката на убиство во нивната земја е пониска отколку во 2000 година, но резултатите покажуваат дека во повеќето земји таа е значително намалена.

Перцепцијата е дека терористичките напади се случуваат почесто отколку што е откриено во извештајот. Само 19% од предвидените смртни случаи се поврзани со терористички напади, што е пониско од пред 15 или 30 години.

Во Велика Британија луѓето мислат дека другите се порелигиозни и подуховни отколку што се. Британците сметаат дека 45% од луѓето веруваат во рајот, а 38% веруваат во пеколот.

Но, истражувањата покажуваат дека само 32 проценти веруваат во рајот, а 21 процент сметаат дека постои пекол.

Од каде толкава негативност?

„Во сите 38 земји кои учествувале во истражувањето луѓето често грешеле. Често не сме во право во врска со фактите за кои се говори во медиумите, како што се смртта од тероризмот, стапката на убиства, имиграцијата и тинејџерската бременост“, истакнува Боби Дафи, директорот на Институтот за социјални истражувања „Ипсос МОРИ“.

Што се однесува до прашањата зошто луѓето се така негативни, Дафи вели дека тоа е „нашата борба со математиката и пропорциите, медиумите и политичките покривања на проблемите, со објаснувањата на социјалната психологија за нашите ментални недостатоци и предрасуди.

Во суштина, тоа е затоа што „го преценуваме она за што се грижиме: колку е поголема репортажата во медиумите за некое прашање, толку повеќе сметаме дека таа преовладува, особено ако медиумскиот фокус е на настан кој е застрашувачки или заканувачки“.

„Нашиот мозок поинаку ги обработува негативните информации. Тој повеќе не брани и влијае на тоа како ја гледаме реалноста“, истакнува доктор Дафи.

Речиси 30.000 луѓе придонеле во истражувањата во 38 земји во светот, во периодот од септември до октомври 2017 година.

Целото истражување за грижите и реалниот поглед на светот погледнете го на следниот линк:

 

 

 

 

 

Scroll to Top