Истражување открива кој пол повеќе изневерува: веројатно ќе бидете изненадени

Експертите нагласуваат дека ниедна врска не е совршена и дека решението за незадоволството не е барање интимност со непознат човек, туку водење искрен разговор со партнерот.

Една студија спроведена на 3.000 луѓе откри дека тенденцијата за изневерување е почеста отколку што би помислиле. Анкетата се обиде да одговори на прашањето кој е повеќе наклонет кон изневерување и зошто луѓето прибегнуваат кон тоа, а резултатите изненадија многумина.

Според податоците објавени во 2018 година од британската агенција за запознавање Coffee & Company, жените се посклони кон изневерување од мажите.

Додека девет проценти од мажите рекле дека дефинитивно би изневерувале доколку бидат привлечени од некој друг, дури 25 проценти од жените рекле дека би имале афера во таква ситуација. Жените на возраст меѓу 35 и 40 години биле најсклони кон изневерување.

Причините зошто жените изневеруваат можат да бидат различни. Некои го прават тоа затоа што се чувствуваат физички или емоционално запоставени, додека други сакаат да додадат возбуда во врската што ја сметаат за предвидлива и здодевна.

„Coffee & Company“ наведува дека чувството на потценување или занемарување може да доведе и до барање некој што ќе им го врати чувството на вредност и интерес, пишува YourTango.

Сепак, експертите нагласуваат дека ниедна врска не е совршена и дека решението за незадоволството не е да се бара интимност со странец.

Многу е покорисно да разговарате со вашиот партнер и заедно да ги решавате проблемите, бидејќи тоа спречува трајно оштетување и дава можност за обнова на врската. На крајот на краиштата, искрената комуникација може да ни помогне да се сетиме зошто на почетокот се заљубивме во таа личност.

фото: принтскрин

Scroll to Top