Извршен обид за убиство врз актерот Кори Фелдман

Полицијата во Лос Анџелес повела истрага за обид за убиство на актерот Кори Фелдман, кој во вторникот вечерта го изболе тројца мажи во Лос Анџелес.

Фелдман се верува дека бил нападнат поради тоа што се обидел да разоткрие голем педофилски прстен во кој и самиот бил жртва.

И самиот актер проговори дека обидот за неговото убиство е поврзан со личното настојување јавно да ги именува и посрами холивудските елитни педофили.

Кори вели дека застанал на семафор во вторникот вечерта заедно со телохранителот што го штител кога во тој момент му се приближиле тројца луѓе.

Вели дека додека тројцата мажи го нападнале неговиот телохранител, четвртиот со нож го пробол Кори во автомобилот. Актерот се сомнева дека го познава човекот што е одговорен за нападот.

Вели дека добивал онлајн-закани од некои групи луѓе, што ги нарекува Wolfpack.

„Имам причина да верувам дека сето тоа е поврзано“, изјавил Кори.

Scroll to Top