Канадските истражители успеале да влезат во компјутерот на основачот на канадската криптоменувачница KvadrigaCX, Џералд Котен, кој откако ненадејно почина минатата година, на своите клиенти им остана должен 190 милиони долари.
Откако истражителите утврдиле дека парите ги нема ниту во неговиот лап-топ, се покренале голем број теории на заговор дека Џералд намерно ја лажирал сопствената смрт за да ги украде парите.
Парите досега не можеле да бидат исплатени затоа што никој освен Џералд не ја познавал шифрата на неговиот лаптоп, каде бил складиран фондот со криптовалути.
Котен неочекувано почина во декември минатата година во Индија, а парите кои биле во сопственост на околу 115.000 клиенти, ги чувал на офлајн сервер, на кој не можел никој да му пристапи.
Wild Story: $136 million in crytpocurrency is unretrievable. The only person with access, QuadrigaCX CEO Gerald Cotten, died in December. The 30-yr-old filed a will days earlier. Now, an auditor’s found the money was moved before his alleged death. https://t.co/eDg7agssxI
— Ashley Sutton (@AshSuttonSA) March 6, 2019
Судските ревизори утврдиле дека сметката била испразнета во април, осум месеци пред неговата смрт.
Биле пронајдени 14 кориснички налози со кои Џералд тргувал преку KvadrigaCX и со кои ги пренел криптовалутите на адреса која не е поврзана со неговата менувачница.
Криптоменувачницата „Кракен“ понудила награда од 100.000 долари за пронаоѓање на парите. Во истрагата откриени се и други работи, од типот дека компанијата на Џералд, никогаш не ги пријавила своите финансии.