Голем број теоретичари на заговор шират разни теории за тоа како коронавирусот успеал од Вухан, градот од каде изби опасниот вирус, тој да стигне до Њујорк и Рим, а истовремено да ги заобиколи Пекинг и Шангај, места кои се на многу поблиско растојание.
Многумина се прашуваат како смртоносниот вирус не предизвика толкави последици во главниот кинески град Пекинг и економската престолнина Шангај, градови кои се наоѓаат во близина на Вухан, како што тоа е случај со Европа и САД.
Шангај е најголемиот град во Кина со население од 26,3 милиони жители. Тука биле регистрирани само 538 пациенти, шест мртви и 406 опоравени. Според податоците од 7 април, активни се уште 126 случаи на коронавирус.
Пекинг е втор по големина кинески град со население од околу 17, 4 милиони луѓе. Овој град бележи слични податоци како и Шангај. Имал 587 заразени, осуммина починати, 448 опоравени, а има уште 131 заболени.
Од 3335 смртни случаи во Кина, 3212 се од Вухан, а од остатокот на Кина починале 123 лица. Шангај е град што ја води кинеската економија, тоа е економски капитал на Кина и тука живеат сите богати луѓе во Кина. Тоа се луѓе кои ја водат целата индустрија. Без никаква блокада на почетокот, кинескиот вирус не стигна до таму.
Некои теоретичари на заговор сметаат дека вирусот не стигнал до Пекинг, затоа што тоа е град во кој живеат сите кинески лидери, таму живеат сите воени лидери и оние кои ја контролираат моќта. Градот не беше затворен, не беше во карантин и не беше блокиран. Но, коронавирусот немаше толкав ефект како во САД и Европа.
Вирусот избувна во времето на лунарната нова година кога милиони луѓе патуваат во Кина, тогаш се се случува и најголемата миграција во светот. Денес, цела Индија со 1,3 милијарди луѓе во неа се затворени.
Светската економија е парализирана, освен поголемите градови во Кина кои се отворени. Кина го отвори и Вухан! Додека целиот свет е полн со неизвесност и здравствен и еконосмки шок, Кина полека е првата која се издигнува пред сите. Берзата низ целиот свет преполовена но, овој вирус сега нема значително влијание врз кинескиот пазар.
Оттука голем број теоретичари на заговор сметат дека коронавирусот всушност претставува кинеско биолошко оружје. Некои веруваат дека истиот намерно бил ослободен од лабораторијата во Вухан, каде се испитуваат вакви опасни вируси.