Властите во Северна Кореја неодамна објавија дека епидемијата со коронавирусот почнала од луѓе кои имале контакт со балони кои летале и доаѓале од Јужна Кореја.
На овој начин тие го обвинија својот јужен сосед дека е одговорен за ширењето на вирусот сè со цел да создадат уште поголеми тензии меѓу двете земји, кои веќе нараснаа поради нуклеарната програма на Ким.
Активистите од јужниот сосед со години испраќаат балони преку границите за да дистрибуираат стотина илјади пропагандни летоци кои се полни со критики кон севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Глобалните здравствени власти велат дека короната ја шират луѓе кои се во близок контакт и кои вдишуваат капки од воздухот и дека поголема е веројатноста да се појави во затворени и слабо проветрени простории, отколку на отворено.
Од Министерството за обединување на Јужна Кореја соопштија дека нема никакви шанси јужнокорејски балони да бидат причина за пренесувањето на вирусот во Северна Кореја.
Врските меѓу двете Кореи и понатаму останаа затегнати поради долготрајниот застој во дипломатијата која ја предводи САД со убедување на Северна Кореја да прекине со своите нуклеарни амбиции.
Јужнокорејските и американските официјални лица неодамна соопштија дека Северна Кореја е подготвена за својата прва нуклеарна проба.
Во извештаите на државните медиуми е наведено дека центарот за превенција на епидемијата во Северна Кореја нашол кластери на инфекции во градот Ифо во близина на неговата југоисточна граница со Јужна Кореја и дека некои од жителите со симптоми на грозница, дошле во Пјонгјанг.
Центарот соопшти дека 18-годишен војник и петгодишно дете имале контакти со таканаречени вонземјани кои пристигнале во градот на почетокот на април годинава, а подоцна биле позитивни на варијантата омикрон.
Во она што го нарече упатство за итни случаи, од центарот за превенција на епидемијата издале наредба до официјалните лица будно да ја следат ситуацијата и да постапуваат со вонземските работи кои доаѓаат од ветер и другите климатски појави и балоните по должина на меѓукорејската граница и да ги следат нивните извори сè до последниот.
Исто така нагласено е дека секој кој ќе пронајде такви вонземски работи мора веднаш да ги извести властите за да можат истите да бидат отстранети, пренесе En-Bi-Si
Во извештаите не е прецизирано што се тоа вонземски работи, но префрлањето на вината за работи кои ја прелетуваат границата е веројатно начин да се ублажат обвинувањата кои доаѓаат од јавноста за целосно решавање на пандемијата, додека во исто време се повторуваат приговорите на активностите на севернокорејските пребегнувања и активистите во Јужна Кореја, велат набљудувачите.
Кампањата на испраќање летоци се главно спречени откако претходната либерална влада на Јужна Кореја усвои закон со кој тие се криминализираат, а на почетокот на април годинава немало никакви јавни обиди за испраќање балони.
Активистот Парк Санг-хак на кој му се суди за минати активности, испратил балони со пропагандни летоци преку границата кон крајот на април. Тој испратил балони двапати во јуни.
Полицијата сè уште ги истражува неодамнешните активности на актибистот, рече пред новинарите во петокот Ча Дук Чул, заменик-портпаролот на Министерството за обединување на Југот.
Ча исто така рече дека консензусот меѓу јужнокорејските здравствени официјални лица и експертите на Светската здравствена организација, дека инфекцијата преку контакт со вирусот на површината на материјалите е практично невозможна.
Во своите претходни изјави за Ковид-19, Северна Кореја исто така тврдела дека вирусот може да се шири преку снег или птици преселници. Нејзините ограничувања поврзани со пандемијата вклучиле дури и строги забрани за влез во морска вода.
Аналитичарот Чеонг Сеонг Чанг од јужнокорејскиот институт Сејонг, рече дека Северна Кореја сака нејзините луѓе да веруваат дека вирусот потекнува од летоците, американските долари или друг материјал што се пренесува преку границата со балони.
Северна Кореја ја нервира кампањата со летоците, која е дизајнирана да го поткопа авторитарното владеење на Ким над населението кое има мал пристап до надворешни информации.
Во 2014 година Северна Кореја има пукано во таквите пропагандните балони кои летале над нејзината територија, а Јужна Кореја пак возвратила на ваквите провокации, иако немало жртви.
Некои надворешни експерти го обвинија Ким дека е во голема мера е одговорен за избувнувањето на короната бидејќи тој ги оркестрирал настаните за да ја зајакне јавната лојалност кон владејачкото семејство Ким во услови на економски тешкотии.
Оттогаш, Северна Кореја пријавила околу 4,7 милиони случаи на треска од вкупното 26 милионско население, но само кај дел од нив бил регистриран коронавирус.
Тој вели дека починале 73 лица, што е исклучително ниска стапка на смртност. Се верува дека и двете бројки се манипулативни, со цел да се спречи каква било политичка штета на Ким.