Ким по операцијата на срцето е во смртна опасност, тврдат тајните служби на САД

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е во смртна опасност по операцијата која ја имал на срцето, вели неименуван американски официјален извор, кој тврди дека имал директни созданија за состојбата на корејскиот лидер, пренесува Си-ен-ен.

Ким го пропуштил роденденот на својот дедо на 15 април. Ваквата состојба ги поттикна шпекулациите  за неговата здравствена состојба. Ким последен пат бил виден пред четири дена за време на состанокот на владата.

Уште еден американски официјален претставник потврдил дека постои загриженост околу здравствената состојба на Ким Џонг-ун, но дека е тешко да се процени сериозноста на ситуацијата.

Јужнокорејскиот онлајн медиуми „Дејли НК“, објавил дека Ким на 12 април бил подложен на кардиоваскуларен зафат, како последица на пушењето, потењето и премногу часови работа.

Иако Си-ен-ен не може да ги потврди овие информации, неофицијален извор наведува дека севернокорејскиот лидер по овој зафат заздравува во вилата во Хијангсан под строг лекарски надзор.

Советот за национална безбедност и канцеларијата на директори на Националните известувачки служби, одбиле да даваат коментар на прашањето на Си-ен-ен, за состојбата на лидерот на Северна Кореја.

Си-ен-ен исто така се обратил и до седиштето на ЦИА и Стејт департментот како и до јужнокорејската страна, за  каков било коментар.

Северна Кореја строго ги контролира информациите, особено оние поврзани за Ким Џонг-ун, кого го третираат како бог, наведува Си-ен-ен. Според оценката на аналитичарите, тешко е да се процени дали овие информации за неговата здравствена состојба се вистинити.

Scroll to Top