Кина ја освои темната страна на Месечината за да прави воена база

И покрај постоечките меѓународни договори за некористење на вселенска технологија во воени цели, водечките земји во светот, активно работат на ова подрачје велат воени аналитичари и експерти. САД, Русија и Кина се земјите кои особено работат на ова поле по зачестените гласини за надоаѓање на Третата светска војна.

Кина е една од големите земји која исто така гради своја воена сила. Тоа е нешто што особено ги вознемирува потенцијалните нејзини противници, пред се Соединетите Американски Држави, кои можеа само да бидат неми сведоци на слетувањето на кинеската сонда „Чанг 4“ на темната страна на Месечината.

Дел од експертите во Вашингтон веруваат дека Кина, сега во овој дел може да распореди воена база и тајно да се подготвува за Третата светска војна. За американските експерти е сомнително што вестите за ваквиот извонреден потфат на Кина, за истражување на вселената, доаѓа само неколку месеци по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе создаде американски „вселенски сили“.

Локалниот естаблишмент е збунет од достигнувањата на Пекинг ѝ сега е вознемирен поради сознанијата дека и Кина би можела да прави што сака на темната страна на Месечината и тоа без никаква контрола. Кина многу лесно сега на тој дел од земјиниот сателит може да ја распореди својата воена опрема.

Аналитичарот Мајкл Пилзбери изјавил дека Соединетите Американски Држави, гледајќи ја вселената низ призмата на закана за Третата светска војна, гледале опасност само од Русија, додека на Кина гледале со „розови очила“.

Експертите не говорат за тоа какви сили Кина би можела да распореди на Месечината и тоа на страната која е сокриена од Земјата. Во исто време, сите се согласуваат дека Кина ваквото достигнување сигурно ќе го искористат за подготовка за можен конфликт, додека во случај на Третата светска војна, нема да ја пропуштат можноста ваквото достигнување да го искористат за сопствени потреби.

 

Scroll to Top